From Wikipedia, the free encyclopedia
Полската гуска живее во северна Европа и Азија. Има две варијанти од оваа гуска, едната живее во тајга, другата во тундра. Американскте орнитолози овие две ги сметаат за посебни видови, додека пак британските сметат дека станува збор за еден вид. Полската гуска е миграторна птица (преселница) и зимите ги поминува во јужна Европа или Азија. Ја има и во Македонија.
Полска гуска | |
---|---|
Полска гуска | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Гусковидни |
Семејство: | Anatidae |
Потсемејство: | Anserinae |
Племе: | Anserini |
Род: | Anser Brisson, 1760 |
Species | |
Taiga Bean-Goose Anser fabalis |
Полската гуска е долга од 68 до 90 см, распонот на крилјата се движи од 140 до 174 см и тежи од 1,7 до 4 килограми.[2] Односно, мажјаците тежат просечно 3,2 килограми, а женките 2,84.[2] Клунот им е црн во основата и на врвот, а на средината имаат портокалова лента, нозете им се светлопортокалови.
Горниот дел од крилата им се темнокафени како кај обичната белочелна гуска (Anser albifrons) и малата белочелна гуска (A. erythropus), но разликата е во тоа што пердувите им се порабени со тенка бела линија.
Се огласуваат со гласно назално трубење, составено од два до три слога.
Сродната розовонога гуска (A. brachyrhynchus) има краток клун, блескаво розов на средината, а и нозете ѝ се розови; горниот дел од крилата се речиси исто модрикаво-сиви како дивата гуска. Во големината и структурата на клунот, таа е многу слична на Anser fabalis rossicus, која во минатото беше сметана за шести подвид на дивата гуска.
Англискиот назив, како и латинскиот, биномен назив на дивата гуска (Bean - en, Faba - lat. - грав) произлегува од навиката на оваа птица, зиме, да пасе по стрништата на полињата од грав.
Има 5 подвида, со комплексни варијации во големината на телото и клунот, како и во декорациите на перјето. Генерално, величината на гуската се зголемува од север кон запад и од запад кон исток. Некои орнитолози ги делат во два вида зависно од местото на гнездење - во тундра и во тајга (тунрични и тајгични полски гуски):
Полската гуска живее во мочуришта, езера и реки, во планински и шумски места, или во делтите на поголемите реки обраснати со разни растенија. За време на гнездењето и одгледувањето на младенчињата живеат во пар, избегнувајќи формирање поголеми јата, но кога се во потрага по храна, може да се случи да направат колонија од стотина птици. Се хранат претежно со растенија. При преселбата во потоплите краишта, често се храни од нивите посеани со зрнести култури. Полските гуски се момогамни птици, кои полагаат од 3 до 8 бели, со жолтеникав или зеленикав сјај, јајца. Јајцата ги лежи само женката, од 27 до 29 дена, но мажјакот е постојано присутен, и тогаш и по испилувањето. Малечките се испилуваат доволно развиени за да можат да се движат и да се хранат самостојно. Тие и по периодот на размножувањето живеат заедно со целото семејство.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.