![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/ef/Gray794.png/640px-Gray794.png&w=640&q=50)
Подјазичен живец
From Wikipedia, the free encyclopedia
Подјазичен живец (лат. nervus hypoglossus) — дванаесетти черепен (капитален) живец (нерв) кој ги инервира сите надворешни и внатрешни мускули на јазикот, освен непчано-јазичниот или палатоглосниот мускул (лат. musculus palatoglossus s. glossopalatinus), кој е инервиран од нервот луталник. Тој е нерв со исклучително моторна функција. Подјазичниот живец потекнува од јадрото на подјазичниот живец во продолжениот мозок, од каде излегува во вид на голем број мали коренчиња, потоа поминува низ подјазичниот канал и се спушта низ вратот и на крај повторно се искачува над мускулите на јазикот кои ги инервира.
Подјазичен живец | |
---|---|
![]() Подјазичен живец, вратен сплет и нивните гранки. | |
![]() Подјазичниот живец е прикажан како „hypoglossal“ | |
Податоци | |
Во | ansa cervicalis |
Надразнува | гениоглосен мускул, хиоглосен мускул, стиоглосен мускул, гениохиоиден мускул, тирохиоиден мускул, внатрешни мускули на јазикот |
Назнаки | |
Латински | nervus hypoglossus |
TA | A14.2.01.191 |
FMA | FMA:50871 |
Подјазичниот живец е вклучен во контролата на движењата на јазикот кои се неопходни за говор и голтање, вклучувајќи го плазењето на јазикот и неговото движење од една на друга страна. Неговото оштетување или оштетувањето на нервните патишта кои го контролираат може да влијае на способноста на јазикот да се движи и на неговиот изглед, а најчестите причини за оштетување се повредите од траума или операција и болеста на моторните неврони. Првиот запишан опис на подјазичниот живец бил од страна на старогрчкиот лекар и анатом Херофил во третиот век п.н.е. Латинскиот назив на овој живец, nervus hypoglossus, потекнува од грчките зборови hypo („под“) и glossa („јазик“).