From Wikipedia, the free encyclopedia
Мозочни нерви или на латински Nervi craniales. Од мозочното стебло тргнуваат дванаесет пара мозочни нерви. Тие покрај својот назив се означени и со римски броеви и тоа според редот на излегувањето одгоре надолу. Мозочните нерви се I мирисните нерви ; II видниот нерв ; III очнодвигателниот нерв ; IV трохлеарниот нерв ; V трогранковиот нерв ; VI очноодводниот нерв ; VII лицевиот нерв ; VIII тремнополшавестиот нерв ; IX јазичноголтниковиот нерв ; X нервот луталник ; XI помошниот нерв и XII подјазичниот нерв.
Мозочните нерви ја напуштаат черепната празнина преку одделни коскени отвори или канали. Од физиолошка гледна точка тие се делат на :
Мирисните нерви се 15-20 снопчиња коишто тргнуваат од мирисната регија на носната лигавица влегувајќи во состав на сетилото за мирис.
Оптичкиот нерв исто така, е сетилен нерв којшто влегува во состав на сетилото за вид. Оптичкиот нерв се протега од задниот крај на очното јаболко до оптичката крстосница.
Очнодвигателниот нерв претставува чисто моторен нерв кој излегува од средниот мозок, а доаѓа во орбитата каде што завршува инервирајќи ги повеќето од мускулите што го движат очното јаболко. Со своите парасимпатички влакна тој инервира и два мазни мускули. Тоа се цилијарниот мускул за акомодација (m. ciliaris) и стеснувачот на зеницата (m. sphincter pupillae).
Трохлеарниот нерв претставува, исто така, чисто моторен нерв, а инервира еден мускул на очното јаболко што го движи надолу.
Трогранковиот нерв претсавува мешовит нерв, чувствителен и моторен. Излегува од бочната страна на мозочниот мост. На чувствителниот дел е придодаден голем полумесечест Gasser-ов ганглион (ganglion trigeminale). Од надворешниот дел на ганглионот се издвојуваат трите гранки на n.trigeminus, а тоа се :
1 - Офталмичниот нерв е чисто чувствителна гранка и служи за инервација на кожата од челото и горниот очен капак, а, исто така, го инервира и очното јаболко. 2- Максиларниот нерв, исто така, е чисто чувствителна гранка и ја инервира кожата и лигавицата во пределот на максилата, образот и долниот очен капак, потоа горниот забен лак, лигавицата и непцето и носната празнина. 3- Мандибуларниот нерв е мешовита моторно-чувствителна гранка. Со моторните влакна тој ги инервира мускулите за џвакање, а со чувствителните влакна тој ја инервира кожата и лигавицата на образот, лигавицата на јазикот, долниот забен лак, кожата во пределот од брадата и надворешниот ушен канал.
Очниот одводен нерв претсавува моторен нерв кој излегува од мозочниот мост и доаѓа во орбитата. Тука тој го инервира латералниот прав мускул на очното јаболко.
Лицевиот нерв е мешовит нерв кој излегува од мозочниот мост, поминува преку пирамидата од слепоочната коска и тоа преку сопствен коскен канал. Напуштајќи ја пирамидата доаѓа во пределот од партоидната жлезда и со своите завршни гранки се распрснува по лицето и вратот. Фацијалниот нерв содржи моторни, чувствителни и секреторни влакна. Со моторните влакна тој ги инервира мимичните мускули на лицето и вратот. Чувствителните влакна пренесуваат импулси од рецепторите за вкус на јазикот, а секреторните (парасимпатички) влакана ги инервираат подјазичната, подвиличната, и солзната жлезда.
Тремнополжавест нерв или осмиот нерв (n.octavus) излегува од мозочниот мост и продолжениот мозок. Тој е сетилен нерв за сетилата на слух и рамнотежа. Осмиот нерв е составен од слушен дел (pars cochlearis), кој го пренесува осетот за слух и дел за рамнотежа (pars vestibularis), кој го пренесува осетот за рамнотежа.
Јазичноголтниковиот нерв претставува мешовит нерв кој излегува од продолжениот мозок. Тој е составен од моторни, сензитвни и парасимпатички (секреторни) влакна. Со моторните влакана јазичноголтниковот нерв ги инервира мускулите на голтникот и мекото непце. Чувствителните влакна се наменети за непцевиот крајник, потоа за лигавицата и одделни папили на јазикот. Секреторните влакна ја инервираат паротидната плункова жлезда.
Нервот луталник претставува мешовит нерв кој излегува од продолжениот мозок. Се протега од черепот преку вратот и градната празнина доаѓа до обдоменот каде завршува. Во неговиот состав влегуваат моторни, чувствителни и парасимтапички влакна. Со моторните влакна тој ги инервира мускулите од голтникот, гркланот и мекото непце. За истите органи вагусот дава чувствителни влакна. Со прасимпатичките влакна тој ги инервира органите на градниот кош и абдоменот.
Помошниот нерв претставува моторен нерв кој излегува од продолжениот мозок и доаѓа во вратот каде што ги иневира трапезниот и стерноклеидомастоидниот мускул.
Подјазичниот нерв претставува моторен нерв кој излегува од продолжениот мозок. Потоа доаѓа до јазикот и ги инервира сите негови мускули.
Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.