Поголеми урбани зони
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евростат, статистичката агенција на Европската Унија, има создадено концепт на Поголеми урбани зони (ПУЗ) во обид да ги хармонизира дефиниции на урбанизација во Европската Унија и во државите надвор од Европската Унија.[1] Овие дефиниции беа договорени помеѓе Евростат и националните статистички служби на различните држави на Европската Унија по повод создавањето на програмата Урбан Аудит на Европската комисија во 2004.[2] ПУЗ се критикувани поради нивната недоволна хармонизација на податоците, кои сè уште се собираат од националните влади во рамките на нивните локални административни единици, со што понекогаш е тешко да се споредат ПУЗ од различни земји. Во 2006, околу третина од дефиницијата за ПУЗ е сменета, значително подобрувајќи ја споредливоста на дефиницијата за ПУЗ во разни земји. Неколку градови, како што се Марсеј, Лил и Ница, се исклучени по дефиницијата од списокот на ПУЗ од технички, дефинициски причини, како што е совпаѓањето на метрополитенската област со урбаната зона.[3][4][5]
На последната рунда на Урбан Аудит се додадени градови од земјите-кандидати и ЕФТА-државите.