Плутена затка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Плутена затка или плутена тапа — затка плута за затворање шишиња.[1]
Плутата е природен, рециклирачки материјал и нејзината употреба за амбалажа придонесува за зачувување на животната средина. Се добива од сунѓерестата кора на плутар (латински: Quercus suber L), што расте во медитеранските земји (Шпанија, Португалија, Италија, Алжир, Мароко, Тунис[2]). Ова дрво, со своите посебни особеност, зафаќа 2.277.000 хектари ширум светот. Просечниот продуктивен век на дрвото е од 150 до 200 години, а кората се отстранува неколку пати во текот на неговиот живот, секогаш во интервали од 9-14 години.[3]
Плутените затки сочинуваат околу 60% од вкупното индустриско производство на плута, додека остатокот се користи за производство на топлински изолатори, во вагоните на метро, становите, па дури и ракетите на НАСА. Најголемите производители на плута во светот се Португалија, на прво место, а потоа следи Шпанија.[4] [5]