Планински пласман на Вуелта а Еспања
From Wikipedia, the free encyclopedia
Планински пласман на Вуелта а Еспања — второстепен пласман на велосипедската трка Вуелта а Еспања. На овој пласман, бодови се доделуваат на велосипедистите кои први ќе поминат преку планинските врвови. Пласманот бил основан во 1935 година, кога бил освоен од Италијанецот Едоардо Молинар и до 2005 година, предводникот во планинскиот пласман ја носел зелената маичка. Во 2006 година, станала портокалова, а во 2010 година станала бела со сини точки.
Сина точкаста маичка | |
Детали за наградата | |
---|---|
Спорт | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Вуелта а Еспања |
Доделена за | најдобар искачувач |
Историја | |
Прва награда | 1935 |
Изданија | 73 (до 2018) |
Прв победник | Едоардо Молинар (ИТА) |
Најмногу победи | Хосе Луис Лагија (ШПА) (5 победи) |
Најнов победник | Томас де Гент (БЕЛ) |
Шпанецот Хосе Луис Лагија го освоил овој пласман рекордни пет пати, вклучувајќи три последователни победи. Други велосипедисти кои го освоиле овој пласман три последователни пати се Антонио Суарез, Антонио Кармани, Хулио Хименес, Хосе Марија Хименес, сите Шпанци. Севкупно, Шпанците го имаат освоено овој пласман 47 од 68 пати.
Во 2010 година, Давид Монкутје размислувал за повлекување, но останал и настапил на трката, освојувајќи го неговиот трет последователен планински пласман.[1] Во 2011 година, станал првиот возач кој го освојувал овој пласман четири последователни години.