село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
Плавуш — село во Општина Валандово, југоисточна Македонија. Денес нема жители.[2]
Плавуш | |
Координати 41°22′46″N 22°30′05″E | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Валандово |
Област | Бојмија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Повик. бр. | 055 |
Шифра на КО | 04015 |
Надм. вис. | 500 м |
Плавуш на општинската карта Атарот на Плавуш во рамките на општината | |
Плавуш на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Бојмија, на северозсападните падини на планината Плавуш, на надморска височина од 500 м. Атарот е доста голем, со површина од 22,6 км2.[3]
Под селото, во западен правец тече Дузлаџик Дере, која на работ од атарот се влева Аразлиска Река; таа пак завршува на неколку километри југозападно како лева притока на Вардар меѓу Удово и Ѓулели.
На крајот од XIX век Плавуш било претежно турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Плавеш (Plavech) било село со 200 домаќинства сочинети од 420 муслимани.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото имало 1.012 жители, од кои 1.000 Турци и 12 Роми.[5]
Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[6]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 200 Турци.[7]
Во последните децении на XIX век селото доживеало голем раст, кој траел и во првите децении на XX век. Ова се променило во 1950-тите, кога населението трикратно опаднало поради иселувањето во Турција. Селото продолжило да се празни и во 1960-тите, така што до крајот на деценијата не останал ниту еден Турчин. Интересно е да се забележи дека на пописот од 1971 г. во Плавуш се заведени 23 лица, од кои сите под графата „останати“.[8] Нејасно е дали станува збор за грешка или некакво привремено сместување на друго население. Во текот на следните години селото сосема се испразнило. Според пописот од 2002 година, Плавуш немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.012 | — | 242 | 262 | 74 | 23 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.