Пијаниот брод
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пијаниот брод (Le Bateau ivre) е поема напишана од Артур Рембо во 1871 година која се смета за револуционерна по својата употреба на фантастични контра-позиционирани слики и симболи. Песната е напишана во хексаметарски кватрени (кои ги има вкупно 25) и постојано ја следи истата шема на римување a/b/a/b. Содржината на песната се ткае околу неколку нејасни визии на персонифициран брод изгубен на море.
|
препев: Влада Урошевиќ |
Напишана во Шарлевил во летото 1871 година, песната ќе го восхити Пол Верлен откако Рембо ќе му ја прати како примерок од неговото творештво и токму таа ќе биде причината што Верлен ќе побара Рембо да му се придружи во Париз. Теодор де Банвил не ја сакал песната.