Питер Брајан Гејбриел (англиски: Peter Brian Gabriel; роден на 13 февруари 1950) ― англиски пејач, текстописец, музички продуцент и активист. Својата популарност ја стекнал како првоначалниот предводник на рок-групата Genesis.[1] Откако во 1975 година ја напуштил Genesis, Питер започнал успешна соло-кариера. Неговиот петти студиски албум, So (1986), е неговото најпродавано издание; албумот има троен платинест сертификат во Обединетото Кралство и е петкратно платинест во САД. Најуспешната песна од тој албум, „Sledgehammer“, во 1987 година освоила рекордни девет MTV награди на MTV Видео музичките награди, а според извештајот од 2011 година, песната била најсвирен музички спот на MTV на сите времиња.[2]

Кратки факти Питер Гејбриел, Животописни податоци ...
Питер Гејбриел
Thumb
Питер Гејбриел во Денвер, октомври 2023
Животописни податоци
Родено имеПитер Брајан Гејбриел
Роден(а)13 февруари 1950(1950-02-13)(74 г.)
Чобам, Сари, Англија
Жанрови
  • Прогресивен рок
  • арт рок
  • арт поп
  • пост прогресивна
  • прогресивен соул
Занимања
  • Пејач
  • текстописец
  • музички продуцент
  • активист
Инструменти
  • Вокал
  • клавијатури
  • флејта
Период на активност1965–денес
Издавачи
  • Atco
  • Atlantic
  • Geffen
  • Mercury
  • Real World
  • Republic
  • Charisma
  • Virgin
  • Virgin EMI
  • Virgin Music
  • EMI
  • Universal
Мреж. местоpetergabriel.com Уредете го ова на Википодатоците
Затвори

Гејбриел во текот на неговата кариера дал голем придонес во развојот на светската музика. Тој е коосновач на WOMAD фестивалот во 1982 година.[3] Со неговата издавачка куќа Real World Records бил насочен кон продуцирање и промовирање на светска музика. Тој е пионер во методите за дигитална дистрибуција на музика, коосновач на OD2 (еден од првите сервиси за симнување музика од интернет).[4] Гејбриел бил активен борец за човекови и граѓански права. Во 1980 година го издал синглот против апартхејдот „Biko“.[3] Учествувал на многу концерти за заштита на човековите права, како и на светската турнеја „Човекови права сега!“ (Human Rights Now) организирана од Амнести интернешенал во 1988 година, а во 1992 година бил коосновач на организацијата за човекови права WITNESS.[3] Гејбриел, заедно со Ричард Бренсон, бил вклучен во развојот на организацијата The Elders која била основана од Нелсон Мандела во 2007 година.[5]

Гејбриел има освоено три Брит награди,[6] шест Греми награди, [7] тринаесет MTV Video музички награди, првата воопшто Пионер награда на BT Digital Music Awards,[8] Награда за животно дело од списанието Q,[9] награда Ајвор Новело за животно дело,[10] и Polar Music Prize.[11] На 57-тo годишнo доделување награди од BMI бил прогласен за икона за BMI за неговото „влијание врз генерациите на музички продуценти“.[12] Како признание за неговиот долгогодишен активизам за човекови права, од лауреатите на Нобеловата награда за мир во 2006 година тој ја добил наградата „Човек на мирот“,[13] а магазинот „Тајм“ го прогласил за еден од 100-те највлијателни луѓе во светот во 2008 година.[14] AllMusic го опишал Гејбриел како „еден од најамбициозните, најиновативни музичари во рокот, како и еден од најполитички ориентирани музичари во рокот“.[15] Во 2010 година, како член на Genesis, бил примен во Куќата на славата на рокенролот,[16] а во 2014 година и како солист.[17] Во март 2015 година, бил награден со почесен докторат од Универзитетот на Јужна Австралија како признание за неговите достигнувања во музиката.

Дискографија

Студиски албуми

  • Peter Gabriel (1977; познат како Peter Gabriel 1 and Car)
  • Peter Gabriel (1978; познат како Peter Gabriel 2 and Scratch)
  • Peter Gabriel (1980; познат како Peter Gabriel 3 and Melt)
  • Peter Gabriel (1982; познат како Peter Gabriel 4 and Security)
  • So (1986)
  • Us (1992)
  • Up (2002)
  • Scratch My Back (2010)
  • New Blood (2011)
  • I/O (2023)

Саундтрак албуми

  • Birdy (1985)
  • Passion (1989)
  • OVO (2000)
  • Long Walk Home (2002)

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.