From Wikipedia, the free encyclopedia
Пиреј или коштрева (науч. Elymus repens) — мошне застапено повеќегодишно растение од семејството на тревите (Poaceae) автохтоно во Европа, Азија, на Арктикот и во северна Африка. Пренесено е и во други северни краишта со умерена клима, како фуражна култура и за спречување на одрони.
Пиреј | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Монокотиледони |
Нерангирано: | Комелиниди |
Ред: | Тревовидни |
Семејство: | Треви |
Род: | Пиреј |
Вид: | Пиреј |
Научен назив | |
Elymus repens (L.) Gould | |
Синоними | |
|
Пирејот во целиот свет се смета за инвазивен коров.[1] и е многу тежок за отстранување бидејќи ризомите се преплетуваат со корените на другите растенија. Дополнителна потешкотија задава фактот што секој откинат ризом потоа се развива во посебно растение.
Растението има ползечки ризоми со чија помош се брзо се шири низ тревнатите површини. Има сплеснати влакнести листови со исправени цветни шилести класчиња. Стебленцата растат до висина од 40–150 см. листовите се прави, со должина од 15–40 см и широки 3–10 мм при основата на растението, а оние повисоко на стебленцата се широки по 2–8,5 мм. Цветните класчиња се долги 10–30 см со боцки долги 1–2 см, широки 5–7 мм, а дебели 3 мм и имаат 3-8 цветчиња. Плевата е долга 7–12 мм и обично нема осил или има мошне краток.
Цвета од крајот на јуни до крајот на август (на северната полутопка).[2][3][4] [5][6]
Според најновата класификација, пирејот има три подвида, од кои едниот има уште еден свој вариетет:[1][2][3]
Познато е дека постојат и пиреи вкрстени со разни сродни треви, како што е гускината трева Elytrigia juncea (Elytrigia × laxa (Fr.) Kerguélen), Elytrigia atherica (Elytrigia × drucei Stace), and with the јачмен species Hordeum secalinum (× Elytrordeum langei (K. Richt.) Hyl.).[2]
Листовите се значајни како фуражна култура за разни тревопасни животни.[3] Семките ги јадат неколку вида на птици што живеат во тревести предели, особено стрнарките и ѕвингалките.[7] Со листовите се хранат и гасениците на некои видови пеперутки.
Поради неговата истрајност и неистребливост, во македонската култура и книжевност пирејот го симболизира македонскиот народ. Најпознато дело на оваа тематика е романот „Пиреј“ (1980) од Петре М. Андреевски. Во чест на писателот и на значењето на оваа симболика, секоја година се одржува културната манифестација „Славење на пирејот“ во неговото родно место Слоештица, Демирхисарско.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.