From Wikipedia, the free encyclopedia
Пеце Матичевски (Новаци, Битолско, 22 август 1978 – Шипковица, Тетовско, 5 јуни 2001 ) бил македонски бранител, резервист на АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 5 јуни 2001 во заседа на патот Гајре - Шипковица.[1][2]
Пеце Матичевски | |
---|---|
22.08.1978 – † 05.06.2001 (22 г.) | |
Роден во: | Новаци, Битолско, СР Македонија |
Починал во: | пат Гајре - Шипковица |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Резервист на АРМ |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | Медал за храброст |
Со голема љубов стапи во резервниот состав на АРМ. Колку и да го сакаше родното Новаци, питомо и познато село во пелагониската равница, Пеце се определи да ја облече воената унифрома. Беше омилен во единицата и со своите 23 години служеше за пример бидејќи за него немаше задача која не може да ја изврши. Беше загрижен за болниот татко Благоја и мајка си Весела која беше столб на семејството.
На 5 јуни 2001 година ја извршуваше редовната војничка задача на реонот Шипковица, тетовско село кое крие многу тајни за судбината на македонските херои. Убиен е кукавички на 23 години оставајќи ги во очај најблиските, момите и пријателите за кои Пеце беше личност за паметење. Пеце Матичевски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]
На 5 јуни 2001 кај патот Шипковица - Гајре, во заседа слична на Вејце загинуваат 5 припадници на АРМ, меѓу нив и Пеце Матичевски. Сите петмина загинале за само 15 минути, прво Руфати и младиот Китанов, а потоа без никаква придружба, по претходна наредба да пружат помош на повредени војници во армиско-полицискиот пункт во Шипковичка кривина, во истата заседа паднале Матичевски, Силјанов и Миленковски.
На свиокот на патот што води кон овој пункт, терористите со рачен фрлач го погодиле возилото "пик-ап 101", кое носело храна за пунктот кај Шипковица. На самото место загинале Руфати и Китанов, кои биле во возилото. По само пет минути, на истото место е нападнат џип "ланд ровер", кое се упатило да им помогне на ранетите во Шипковица. Од четворица луѓе внатре, тројца загинаа на местото.
Според увидот, на возилата било пукано од две групи по 5-6 напаѓачи, од 8-10 метарска оддалеченост. На местото биле најдени 60 празни чаури, рачни бомби, неексплодирани гранати. По џипот се движело санитетско возило, кое за влакно успеало да сврти и лекарите да се спасат од заседата.
На 5 јуни 2010 година, во чест на петтемина загинати војници е поставен спомен плоча на местото каде загинаа.[4][5][6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.