Пенама
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пенама — една од шестте покраини во Вануату. Покраината се наоѓа во североисточниот дел од земјата и се состои од три главни острови: Амбае, Маево и Пентекост. Името на покраината потекнува од првите букви на поголемите острови: Пентекост, Амбае и Маево.