Пеколен портокал (роман)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пеколен портокал — дистописки роман, напишан од Ентони Берџес и издаден во 1962 година. Се работи за истражување на човековото насилство и слободната волја во изборот на добро и зло, а воедно и последиците на поединецот при нејзино одземање. Приказната е сместена во не толку далечна иднина, каде општеството промовира култура на екстремно насилство помеѓу младите. Нарацијата на тинејџерскиот анти-херој во прво лице не соочува со неговите насилни експлоатирања и неговото искуство со државната власт која има за цел да го реформира. Романот може да се согледа како сатира на бунтовничките и насилните трендови во културата на младите која доминира во 60-тите години. Исто така книгата воведува експериментирање со јазикот, напишан на руска арго лексика наречена „надсат“.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Корица на првото издание | |
Автор | Ентони Берџес |
---|---|
Изворен наслов | A Clockwork Orange |
Изработувач на корицата | Бери Тренгроув [1] |
Земја | Обединето Кралство |
Јазик | англиски надсат |
Жанр | научна фантастика, сатира, дистопија, црна комедија |
Објавена | 1962 (Вилијам Хајнеман, Британија) |
Медиум | печат (тврда и мека подв.) и аудиокнига (касета, ЦД) |
Страници | 192 стр. (тврда подв.) и 176 стр. (мека подв.) |
ISBN | 0-434-09800-0 |
OCLC | 4205836 |
Според Берџес романот претставува една jeu d’esprit, напишан за само три недели.
Во 2005 година “Пеколен Портокал” се најде на списокот на списанието Тајм како еден од 100-те најдобри романи на англиски јазик напишани од 1923 и е именувана од Модерн Лајбрари како една од 100-те најдобри романи на англиски јазик на дваесеттиот век. Откако Универзитетот Мек Мастер во 1971 ја купи оригиналната верзија на книгата, таа се наоѓа во Хамилтон, Онтарио, Канада.