From Wikipedia, the free encyclopedia
Патрик Виера (роден на 23 јуни 1976 година) — француски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред. Моментално ја води екипата на Ница.
Патрик Виера | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Патрик Виера[1] | ||
Роден на | 23 јуни 1976 | ||
Роден во | Дакар, Сенегал | ||
Држава | Франција | ||
Висина | м[2] | 1,93||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Сегашен клуб | Ница (тренер) | ||
Повлекување | 14 јули 2011 (35 г.) | ||
Младинска кариера | |||
1984–1986 | ФК Трапес | ||
1986–1991 | ФК Друаис | ||
1991–1993 | Тур | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1994–1995 | Кан | 49 | (2) |
1995–1996 | Милан | 2 | (0) |
1996–2005 | Арсенал | 279 | (29) |
2005–2006 | Јувентус | 31 | (5) |
2006–2010 | Интер | 67 | (6) |
2010–2011 | Манчестер Сити | 28 | (3) |
Репрезентација | |||
1995–1996 | Фрација 21 | 7 | (0) |
1997–2009 | Франција | 107 | (6) |
Раководител на екипите | |||
2013–2015 | Манчестер Сити (под 19 години) | ||
2016–2018 | Њујорк Сити | ||
2018– | Ница |
Како поранешнен играч од средниот ред, Виера ја започнал својата кариера во францускиот клуб Кан во 1994 година. Наредната година тој се преселил во италијанската Серија А во тимот на Милан, но не успеал да се избори за место во стандардните единаесетмина, па поради тоа бил продаден на Арсенал. Во Англија настапувал од 1996 до 2005 година, каде што бил и капитен на лондонскиот тим, со кој освоил три титули во Премиер Лигата и четири ФА купови. Во 2005 година тој преминал во Јувентус, помагајќи му на тимот да ја освои титулата во Серија А. По скандалот на Јувентус во Серија А во 2006 година, Виера се преселил во Интер со кои освоил три титули во Серија А, пред да се пресели во Манчестер Сити каде што ги одиграл последните две сезони од својата кариера. Во 2011 година тој се пенизионирал од префесионалното играње фудбал.[3]
На репрезентативно ниво, Виера настапил 107 пати за Франција и бил дел од тимот кој го освоил Светското првенство во Франција во 1998 година и Европското првенство во 2000 година. Тој исто така бил член на францускиот тим кој го освоил второто место на Светското првенство 2006 во Германија.
Во мај 2010 година, Виера бил номиниран за ФАО амбасадор на добра волја на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации. Виера поминал две сезони како менаџер за развој на фудбалот во Манчестер Сити со улога да ги надгледува аспектите како развојот на младите, комерцијалните партнери и програмата за општествена одговорност на клубот "Град во заедницата".[4] пред да биде именуван за менаџер на Њујорк Сити во американската МЛС лига на 1 јануари 2016 година.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.