Патарос
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Патарос (грчки: Δροσάτο, Дросато, до 1927 Ποταρός, Потарос)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Патарос Δροσάτο | |
---|---|
Координати: 41°10′N 22°48′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | м | 232
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 1.068 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото се наоѓа на 20 километри северозападно од градот Кукуш, на 3 километри од грчко-македонската граница, во близина на југоисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 232 метри.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Патарос се состоело од 29 семејства и 121 жител Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Патарос имало 340 жители Македонци[3][5].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 360 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Затоа, во пописот од 1913 година, во селото живееле 403 жители, додека во 1920 година имало 410 жители. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија, и на негово место било населено гркоманско население од Струмица.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година, селото било преименувано во Дросатон.[7]
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 577 жители бегалци.[8], додека во 1940 година селото броело 1047 жители. Зголемувањето на бројот на население се должело на тоа што во селото имало изградено воена база, па во пописите биле вбројувани и самите војници. Поради блискоста со границата, во селото постоела и полициска станица. Селото во пописот од 1951 година броело 1161 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1786 жители, во 1971 година имало 1071 жител, во 1981 година имало 897 жители, додека во 1991 година имало 864 жител. Денеска, населението на селото е 1068 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1047 | 1161 | 1786 | 1071 | 897 | 864 | — | 1068 |
Во 1857 година била изградена „Успение на пресв. Богородица“. Во 1975 година оваа црква била затворена, и до неа била изградена нова црква. Старата црква била реставрирана во 1999 година и претворена во уметничка галерија.
Црквата „Св. Ѓорѓи“ исто така е од XIX век.
Населението на селото главно се занимава со производство на жито и тутун.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.