месечина на Јупитер From Wikipedia, the free encyclopedia
Пасифаја (од старогрчки: Πασιφάη)[4] — повратна неправилна месечина на Јупитер. Откриена е во 1908 г. од британскиот астроном Филибер Жак Мелот[5][6] и подоцна наречена по Пасифаја, сопруга на кралот Минос и мајка на Минотаурот од старогрчката легенда.
Откривање | |
---|---|
Откривач | Ф. Ж. Мелот |
Откриено | 27 јануари 1908 |
Орбитални особености | |
Периапсида | 16.980.250 км[1] |
Апоапсида | 31.209.300 км[1] |
Главна орбита полупречник | 24.094.770 км[1] |
Занесеност | 0,2953[1] |
764,082032 д (2,092 г)[1] | |
Просечна орбитална брзина | 2,242 км/с |
Наклон | 145,24° (кон еклиптиката) 143,04° (кон Јупитеровиот екватор)[1] |
Месечина на | Јупитер |
Физички особености | |
Среден полупречник | 20 км[2] 18 км[3] |
~11.300 км² | |
Зафатнина | ~113.000 км³ |
Маса | 3,0×1017 кг |
Средна густина | 2,6 г/см³ (претп.)[2] |
~0,022 м/с2 (0,002 г) | |
~0,036 км/с | |
Албедо | 0,04 (претп.)[2] 0,10[3] |
Температура | ~124 K |
Месечината е првпат е забележана на фотографија направена во Гриничката опсерваторија ноќта на 28 февруари 1908 г., а потоа е забележана на претходни слики наназад до 27 јануари. Ја добила привремена ознака 1908 CJ бидејќи не било јасно дали се работи за астероид или месечина на Јупитер, сè до 10 април, кога е утврдено дека телото е месечина.[7]
Телото го добило сегашното име дури во 1975 г.;[8] дотогаш се нарекувало Јупитер VIII, а понекогаш и „Посејдон“[9] between 1955 и 1975 г.
Пасифаја кружи околу Јупитер по високозанесена и високонаклонета повратна орбита. По неа е наречена Пасифаината група на неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојание од 22,8 до 24,1 милиони километри, на наклони од 144,5° до 158,3°.[10] (Орбитални елементи од јануари 2000 г.)[1] Тие постојано се менуваат поради сончевите и планетарните растројувања.
Познато е дека месечината е во секуларна резонанца со Јупитер (врзувајќи ја должината на нејзиниот перијов со должината на Јупитеровиот перихел).[11]
Со пречник од околу 58 км, Парсифаја е најголемата повратна месечина и трета по големина неправилна месечина, зад Хималија и Елара.
Спектроскопските мерења на инфрацрвеното зрачење покажуваат дека Пасифаја е спектарски безлично тело, што одговара на претпоставеното астероидно потекло. Се смета дека месечината всушност е откршок од зафатениот астероид заедно со другите месечини од нејзината група.[12][13]
Во видливиот спектар, месечината има сив изглед (бојни показатели B-V=0,74, R-V=0,38), слично на астероидите од типот C.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.