Париз-Ница 2017
издание во 2017 година на велосипедската трка Париз-Ница / From Wikipedia, the free encyclopedia
Париз-Ница 2017 — 75. издание на велосипедската етапна трка Париз-Ница, која се одржала помеѓу 5 и 12 март како шести настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 75. Париз-Ница | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2017 2.UWT | ||
Етапи | 8 | ||
Датуми | 5 – 12 март | ||
Растојание | 1.229,5 км | ||
Држава | Франција | ||
Поаѓалиште | Боа д’Арси | ||
Одредиште | Ница | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 176 | ||
Возачи на крај | 128 | ||
Просечна брзина | 41,201 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Серхио Енао (Тим Скај) | ||
Второпласиран | Алберто Контадор (Трек-Сегафредо) | ||
Третопласиран | Даниел Мартин (Квик-Степ Флорс) | ||
Бодовен | Жилијан Алафилип (Квик-Степ Флорс) | ||
Планински | Лилијан Калмежан (Директ Енержи) | ||
Младински | Жилијан Алафилип (Квик-Степ Флорс) | ||
Екипен | Квик-Степ Флорс | ||
◀2016 | 2018▶ | ||
Документација |
Тим Скај ја освоил трката по петти пат во шест години, овој пат страна на Серхио Енао, кој успеал да го блокира нападот на последниот ден од возачот на Трек-Сегафредо, Алберто Контадор, за победа на трката од само две секунди.[3] Контадор имал 31 секунда доцнење, но се одвоил со возачот на Квик-Степ Флорс, Давид де ла Круз и Марк Солер од Мовистар Тим; откако освоил неколку секунди на средниот спринт, Контадор бил поразен на целта во Ница од Де ла Круз, што го чинело четири бонус секунди и победа на трката во корист на Енао. Подиумот бил заокружен од колегата на Де ла Круз, Даниел Мартин, 30 секунди зад Енао.[4]
Квик-Степ Флорс го освоиле екипниот пласман, додека Жилијан Алафилип завршил во најдобрите петмина, предводејќи ја трката три дена. Алафилип го освоил пласманот за млад возач, додека со четири завршници во најдобрите пет и победа на поединечниот хронометар било доволно да го освои бодовниот пласман. Планинскиот пласман бил освоен од Директ Енержи втора година по ред, од страна на Лилијан Калмежан.[4]