Паоло Монтеро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Паоло Роналд Монтеро Иглесијас (роден на 3 септември, 1971 година, во Монтевидео) — уругвајски фудбалски тренер, и поранешен играч од одбраната. Моментално ја води младата екипа на Јувентус, Примавера, а по смената на Масимилијано Алегри напоредно ќе го води и првиот тим до крајот на сезоната 2023-2024.
Паоло Монтеро | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 3 септември 1971(1971-09-03) (52 г.) | ||
Роден во | Монтевидео, Уругвај | ||
Држава | Уругвај | ||
Висина | &100000000000001780000001,78 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Сегашен клуб | Јувентус (тренер) | ||
Повлекување | 17 мај 2007 (35 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Пењарол | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1990-1992 | Пењарол | 34 | (1) |
1992-1996 | Аталанта | 114 | (4) |
1996-2005 | Јувентус | 186 | (1) |
2005-2006 | Сан Лоренцо | 14 | (1) |
2006-2007 | Пењарол | 46 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
1991-2005 | Уругвај | 61 | (5) |
Раководител на екипите | |||
2014 | Пењарол (Млади) | ||
2014 | Пењарол (Привремено) | ||
2016 | Бока Унидос | ||
2016 | Колон | ||
2017 | Росарио Сентрал | ||
2019-2020 | Самбенедетесе | ||
2021 | Самбенедетесе | ||
2021 | Сан Лоренцо | ||
2022- | Јувентус Примавера (У-19) | ||
2024 | Јувентус (Привремено) | ||
† Учества (Голови). |
Кариерата ја започнал во својата родна земја, дебитирајќи како професионален играч со Пењарол во почетокот на 1990-тите години, а потоа се преселил во Италија, каде го минал најголемиот дел од својата кариера играјќи за две екипи по кои и најмногу останал запаметен: прво со Аталанта и пред се со Јувентус. Со вториот од двата клуба, тој ги постигнал најголемите успеси во својата кариера освојувајќи голем број на трофеи, вклучувајќи четири италијански првенства, три суперкупа на земјата, еден Суперкуп на УЕФА и еден Интерконтинентален куп. Во дресот на Јувентус, тој поминал цели девет сезони (1996-2005), а покрај наброените успеси одиграл и три финалиња на Лигата на шампионите и сите три ги загубил.[1] Откако го напуштил клубот од Торино во 2005 година, тој се вратил во Јужна Америка, каде една сезона го носел дресот на аргентинската екипа Сан Лоренцо, а потоа се вратил во Пењарол, каде ја завршил кариерата во мај 2007 година.
За репрезентацијата на Уругвај одиграл 61 натпревар и постигнал 5 гола во периодот 1991-2005, а од 1997 година до неговото повлекување бил и капитен на истата. Во дресот со државниот грб, настапил на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, како и на Копа Америка 2004 во Перу.
По извесно време од завршувањето на играчката кариера, тој започнал да работи како тренер водејќи неколку екипи во Уругвај, Аргентина и Италија.