From Wikipedia, the free encyclopedia
Пандемија на КОВИД-19 — тековна пандемија од коронавирусната болест 2019 (КОВИД-19), која предизвикува тежок остар дишен синдром коронавирус 2 (SARS-CoV-2). Вирусот за првпат се појавил во Вухан во провинцијата Хубеи во Кина во декември 2019. Светската здравствена организација (СЗО) прогласила пандемија на 11 март 2020 година.[1]
Пандемија на КОВИД-19 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Тековна мапа на ширење на коронавирусот 10 000 000+ случаи на милион жители 1 000 000 – 9 999 999 случаи на милион жители 100 000 – 999 999 случаи на милион жители 10 000 – 99 999 случаи на милион жители 1000 – 9999 случаи на милион жители 100 – 999 случаи на милион жители 1 – 99 случаи на милион жители нема потврдени случаи или нема податоци | ||||||
Патологија | COVID-19 | |||||
Потекло | Вухан, Кина | |||||
Прв случај | 1 декември 2019 | |||||
Опфатени земји | Свет | |||||
Период | 1 декември 2019 - во тек | |||||
Статистички податоци | ||||||
Број на излекувани | 212.000 | |||||
Број на мртви | 53.100 |
До 15 март 2020, преку 167.000 потврдени случаи во повеќе од 140 земји и територии, а најтешко биле погодени Кина, Италија, Јужна Кореја, Иран и Шпанија.[2] Умреле преку 6.400 луѓе, додека 76.000 оздравеле.
Вирусот се шири помеѓу луѓето преку респираторни капки од кашлање и кивање.[3] Времето пред појавата на првите симптоми обично е пет дена, но може да биде и помеѓу два и 14 дена.[4] Препорачани мерки за превенција вклучуваат често миење и дезинфекција на рацете, одржување растојание од други луѓе (посебно оние кој се болни) и праќање во самоизолација до 14 дена за оние лица за кои се сомнева дека се инфицирани.[5]
Бројот на смртни сличаи во однос на бројот на дијагностицирани моментално е меѓу 3–4% што е нешто повеќе во споредба со обичен грип кај кој смртноста изнесува околу 0,1%. Меѓутоа, со текот на времето, бројот на смртните случаи во однос на бројот на инфицирани ќе се намалува.[6]
Многу држави ги ограничиле својте патувања, ја откажале наставата во училиштата и вовеле мерки за изолација и полициски часови.[7] Последиците од пандемијата во светот вклучуваат социјална и економоска нестабилност,[8][9] наводна ксенофобија и расизам кон Кинезите и другите народи од источноазиско потекло, како и ширење дезинформации и теории на заговор за вирусот и неговото потекло.[10] Пандемијата е заслужна за падот на светската берза на 9 март, како и за големиот број на откажувања на разни настани и спортски натпреварувања.
Се смета дека вирусот има животинско потекло и дека потеклото на вирусот SARS-CoV-2 најверојатно доаѓа од лилјак,[11][12] иако и потеклото од ракови не е исклучено..[13]
Првите потврдени случаи биле луѓе кој работеле на пазарот за морски плодови во Вухан. Кинеските научници потоа ја изолирале, репродуцирале и ја ставиле на располагање неговата генетска низа. Патогенот е вирус од семејството корона чија генетска секвенца е 80% слична на SARS- CoV-1. Првите симптоми на вирусот се појавиле на 8 декември.
Хонгконг и Макао ги прогласиле првите потврдени случаи на 22 јануари. На почетокот на февруари, бројот на починати во Кина го надминал бројот од епидемијата на SARS- CoV-1. На 30 јануари, Италија имала два потврдени случаи на болни од вирусот, двајца кинески туристи за кои се претпоставува дека прво стигнале во Милано, а потоа заминале за Рим кога им се појавиле првите симптоми на болеста. Владата прогласила вонредна состојба на шест месеци и ги забранила сите летови за и од Кина.
Светската здравствена организација (СЗО) на 30 јануари прогласила избивање на епидемија со вонредна состојба за меѓународно јавно здравје.
На 26 февруари, СЗО објавила дека бројот на нови случаи разболени со коронавирус во Кина престанал да расте, но нагло се зголемил бројот во Иран, Италија и Јужна Кореја. До 26 февруари биле забележани мал број на случаи кај деца, а оние под 19 години сочинувале само 2,4% од вкупниот број на болни во светот.[14]
На 2 март 2020, потврдени биле 126.00 случаи, од кој 8.000 биле сериозни случаи. Преку 45.000 луѓе успеале да се опорават, додека болеста предизвикала 2.900 смртни случаи.[15]
На 9 март, Италија наметнала стоги мерки со карантин насекаде ширум земјата, ограничувајќи ги патувањата во само нужни, работни и здравствени околности. Набргу потоа избиле нереди во затворите и појава на големи турканици во супермаркетите.[16]
Вирусот брзо се проширил и во останатите земји и територии. До 10 март 2020, секоја држава во Европа освен Црна Гора и Косово имала барем по еден случај заразен со SARS-CoV-2. На 11 март, Светската здравствена организација прогласила пандемија на болеста COVID-19 предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Во Македонија на 10 март биле затворени сите училишта, а нешто подоцна е забранет влез за сите странски државјани во земјата кој доаѓале од високоризичните земји и подрачја со интензивна трансмисија на коронавирус.[17] Нешто подоцна најверојатно ќе бидат откажани и парламентарните изборите кој биле првично закажани за 12 април.
Претседателот на САД, Доналд Трамп на 13 март прогласил вонредна состојба, доделувајќи 50 милијарди долари за укажување на помош.[18]
На 19 март 2020, Италија ја поминала Кина и станала прва земја во светот по бројот на мртви случаи од коронавирус.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.