Пазарли
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пазарли (грчки: Μελάνθιο, Мелантио, до 1927 Παζαρλή, Пазарли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Пазарли Μελάνθιο | |
---|---|
Координати: 40°58′N 23°3′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | м | 516
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 123 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото се наоѓа на 16 километри југоисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 516 метри.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 240 жители, додека во 1920 година 276 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[3]. Во 1926 година, селото било преименувано во Мелантио.[4]
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 61 жител бегалец.[5] По крајот на Грчката граѓанска војна, селото било обновено. Селото во пописот од 1951 година броело 110 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 397 жители, во 1971 година имало 260 жители, во 1981 година имало 196 жители, додека во 1991 година имало 193 жител[6]. Денеска, населението на селото е 235 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | 110 | 397 | 260 | 196 | 193 | 235 | 123 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.