![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/3d/Coat_of_arms_of_the_Kosovo_Liberation_Army.svg/langmk-640px-Coat_of_arms_of_the_Kosovo_Liberation_Army.svg.png&w=640&q=50)
Ослободителна војска на Косово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ослободителна војска на Косово или скратено ОВК (албански: Ushtria Çlirimtare e Kosovës - UÇK) — албанска терористичка организација на Косово која со нападни врз државните органи (војска, полиција и други) и цивили се бореше за независност на Косово и Метохија од Србија и СР Југославија. ОВК односно УЧК се бореше исто така за отстварување на таканаречена „Голема Албанија“. Според српски и западните разузнавачки служби основна форма на финансирање на ОВК се трговијата со дрога, која изнесува најмалку половина од своите средства, а добар дел од останатите средства беа собрани преку криминални активности.
Ослободителна војска на Косово (ОВК) (Ushtria Çlirimtare e Kosovës - UÇK) | |
---|---|
Учесник во Косовска војна (1999) Воен конфликт во Македонија (2001) | |
![]() | |
Период на делување | 1991 - 1999 официјално неоифицијално сѐ уште опстојува |
Водачи | Хашим Тачи Агим Чеку Рамуш Харадинај |
Седиште | Приштина, Република Косово |
Подрачје на делување | Косово, Северозападна Македонија & Северна Македонија |
Бројност | ок. 25.000 |
Станала | КЗК (1999 - 2009) Официјално разформирана, денес дел од безбедносните сили на Република Косово |
Сојузници | Албанија, Албанска дијаспора |
Противници | Србија, Македонија |
Битки и војни | Косовска војна Војна во Македонија (2001) |
ОВК била формирана во 1994 година, а првпат во јавноста се појави во 1996 година. Целта беше независно Косово, а користиле секакви средства за вооружена борба. Дел од структурите на ОВК се обучени и тренирани од британските САС и американската ЦИА. Основач и водач на ОВК, сè до неговата смрт во 1998 година беше Адем Јашари (алб. Adem Jashari), а после неговата смрт Хашим Тачи (алб. Hashim Thaçi) до распаѓањето на ОВК во 1999 година. Оваа организација е вклучена во судири и напади врз српските цивили на Косово, пред и по окупацијата на НАТО во 1999 година.[1][2].
Голем дел од структурите на ОВК учествуваа исто така и во војната 2001 година во Македонија.