Ормуриски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ормуриски јазик (пашту : ارموری ژبه; персиски: زبان ارموری ) познат и како Баракиски, Ормурски, Ормујски или Баргистски ― источноирански јазик што е зборуван во Југоисточен Авганистан и Вазиристан. Тоа првенствено го зборуваат Бурците во градот Канигурам во Јужен Вазиристан и Логар, Авганистан. Јазикот припаѓа на групата источно-ирански јазици. Исклучително малиот број на говорници го прави ормурискиот јазик загрозен јазик кој се смета дека е во „загрозена“ состојба.
Име на јазикот | ||
---|---|---|
Зборуван во: | Пакистан, Авганистан | |
Регион: | Логар | |
Вкупно говорници: | 6000 (2004)[1] | |
Јазично семејство: | Индоевропски Индоирански Ирански Источноирански Ормуриски | |
Јазични кодови | ||
ISO 639-1: | нема | |
ISO 639-2: | — | |
ISO 639-3: | id=oru oru |
Ормурискиот е познат по својот необичен звучен инвентар, кој вклучува безгласен алвеоларен трепет кој не постои во околниот паштунски јазик. Ормурискиот, исто така, има безгласни и гласни алвеоло-палатални фрикативи (безгласниот е спротивен со почестиот бегласен палато-алвеоларен фрикатив), кои исто така постојат во вазиристанскиот дијалект на паштунскиот, но можеле да бидат усвоени од ормурискиот поради неговата непосредна близина.[2]