From Wikipedia, the free encyclopedia
Орел - птица-грабливка.
Орелите се речиси најголеми грабливци. Клунот им е силно развиен, а на врвот свиткан во облик на кука. Темето на главата не им е заоблено, туку рамно. Нозете, сè до прстите, им се гаќести, односно им се обраснати со пердуви, освен кај орелот рибар. Крилјата им се големи и кај најголем број орли достигнуваат до врвот на опашката. Суриот орел е најголем меѓу орлите што живеат во Македонија. Долг е околу 90 см., а раскрилен достигнува и преку 220 см. Врвовите од крилјата не му ја покриваат опашката, односно се покуси од неа. Пердувите на главата и на вратот му се рѓесто жолти. Опашката му е бела, а на крајот црно обрабена. Другите пердуви му се темно-кафени до речиси црни. За ловството е мошне штетен, но бидејќи неговата бројност е многу ниска, постои опасност наполно да исчезне. Според Законот за ловството, забрането е негово убивање. Женката неси 2-3 јајца и врз нив лежи 45 дена.[1]
Орелот крстач е нешто помал од суриот орел. Ципите на крајот од клунот достигнуваат сè до очите.Врвовите од крилјата не достигнуваат до крајот на опашката. Пердувите му се кафено обоени. За разлика од другите орли, пердувите на рамената од крилјата му се бели. Гнездата ги прави исклучиво на дрвја. Во април-мај женката носи 1-3 јајца, врз кои лежи околу 45 дена. Како и сите други орли, бројноста на овој орел во Македонија е мошне мала, па затоа е забранет за отсрел.[2]
Бојата на перјето кај овој орел е црно-кафена. На покривните пердуви на опашката се забележуваат бели делови. Очите и канџите му се жолти. Младите примероци се испскани по телото со белузлави пердуви и во основа бојата им е посветла отколку на возрасните примероци. Може да се распознава и по неговото огласубање. Всушност,тоа прилега на остар лаеж на некое мало куче(кјак-кјак-кјак).
Овој вид, според својата големина, се вбројува меѓу најмалите орли што се среќаваат во Македонија. Во должина може да изнесе до 50 см , а раскрилен изнесува околу 130 см. Горниот дел од телото му е костенлив со потемни петна, додека долниот белузлав. Во зглобот на крилјата е видлива една бела дамка во големина на цреша. Опашката му е костенливо обоена, а од долната страна има четити попречни пруги. Се храни со глувци и други помали цицачи.[2]
Орелот рибар е долг околу 60 см.,а раскрилен достигнува до 175 см. Писките на нозете не му се обраснати со пердуви и се со сино-пепеласта боја. Зад темето, врвот и грбот му се жолтеникава-пепеласти, додека долниот дел од телото му е со бела боја. На опашката има шест црни попречни пруги. Се храни исклучиво со риба. Гнездата ги прави по дрвја.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.