Органска светлечка диода
From Wikipedia, the free encyclopedia
ОЛЕД (англиски: organic light-emitting diode) – вид светлечка диода (ЛЕД) која се состои од органски елементи и која емитира светлина.
Екраните ОЛЕД работат така што електричната струја се пропушта низ органскиот материјал кој притоа испушта светлина. Со оглед дека ваков процес не изискува заднинско осветлување, екраните ОЛЕД се потенки, поштедливи во поглед на потрошувачката на енергија, но сè уште не се поевтини од постојните екрани (ЛЦД и плазма).
Екраните ОЛЕД се користат во некои модели на мобилни телефони, преносни уреди и телевизори. Со усовршување на производната технологија и со зголемување на производството се очекува снижување на цената на екраните со ОЛЕД.
За разлика од ЛЦД, кои користат главно неоргански компоненти (силициум, германиум, галиум, арсенид или метали), ОЛЕД користи органски или хибриди од органско-неоргански материјали. Органските материјали ветуваат добри одлики како што се широк спектар на работни температури, флексибилност и добра спроводливост.