Општина Центаропштина во состав на градот Скопје и е негова централна општина. Се наоѓа во средишниот и јужниот дел на градот, го опфаќа плоштадот Македонија, двата брега на реката Вардар и дел од планината Водно. Како централна општина на градот Скопје, а воедно и на Република Македонија на нејзината територија се наоѓаат Владата, Собранието, неколку министерства и многу државни заводи, агенции и управи. На територијата на општината се наоѓаат и ректоратот на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ заедно со неколку факултети и собранието на град Скопје.

Кратки факти Општина Центар, Држава ...
Општина Центар
Општина
Thumb
Општина Центар, поглед од Скопското Кале
ThumbThumb
Thumb
ДржаваМакедонија
СедиштеГрад Скопје
Населени места
Управа
  ГрадоначалникГоран Герасимовски
Површина
  Вкупна7,52 км2 (2,90 ми2)
Население (2021)[1]
  Вкупно43.893
  Густина5,800/км2 (15,000/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоcentar.gov.mk
Затвори

На југ и запад граничи со Општина Карпош, на север со Општина Чаир, а на исток со општините Аеродром и Кисела Вода.

Општинско обележје е митолошката птица Феникс, која ја симболизира преродбата на градот по земјотресот во 1963 г.

Географија

Општина Центар зафаќа површина од 7,52 км2 и има густина на населеност од 6 032,18 жители/км2.

Thumb
Населбите кои се наоѓаат во Општина Центар

Граници

Главна статија: Граници на Општина Центар

Историја

Стопанство

Демографија

Според пописот од 2002 г. во Општина Центар живееле 45.412 жители, од кои:

Според пописот од 2021 г.[2] општината брои 46.749 жители,

Повеќе информации Народ, Број ...
НародБројУдел (%)
Македонци 35.959 76,92
Албанци 1.332 2,85
Турци 649 1,39
Роми 671 1,44
Власи 577 1,23
Срби 1.354 2,90
Бошњаци 190 0,41
Други неспомнати 884 1,89
Не се изјасниле 68 0,15
Непознато 52 0,11
Лица за кои податоците се преземени

од административни извори

5.013 10,72
Затвори

Населби во Општина Центар

Под подрачјето на Општина Центар не влегуваат села и одделни наслени места, односно целото подрачје на општината се протега на урбаната територија на градот Скопје.

Во состав на општината влегуваат следниве населби и маала: Центар, Капиштец, Пролет, Буњаковец, Маџир Маало, Дебар Маало, Ново Маало, Пајко Маало, Водно, Крњево Маало, Парк Маало и Тасино Чешмиче. Во населбата денес како топоним односно месност постои Еврејско маало на чие место било еврејска населба сè до нивната депортација за време на Втората светска војна.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Центар е Саша Богдановиќ од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Центар е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

Thumb
  СДСМ: 16 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 7 места

Органи

Thumb
Органограм на Општина Центар

Совет

Советот на Општина Центар се состои од 23 члена, на чело со претседател. При советот функционираат и комисии по разни области:

  • Комисија за мандатни прашања, избори и именувања
  • Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој
  • Комисија за статут и прописи
  • Комисија за локален економски развој
  • Комисија за култура
  • Комисија за урбанизам, планирање и уредување на просторот
  • Комисија за комунални работи и заштита на животната средина и природата
  • Комисија за јавни дејности
  • Комисија за образование
  • Комисија за здравствена, социјална заштита и заштита на децата
  • Комисија за родова еднаквост
  • Комисија за програма за работа
  • Комисија за доделување на годишната награда „Феникс“

Урбани заедници

Целокупното подрачје на Општина Центар е поделено на 17 урбани заедници.[4] Тие имаат свое седиште, а со нив раководат претседателите на урбаните заедници. Највисок орган на урбаната заедница е Советот на урбаната заедница, составен од 7 членови на Советот, од кои еден е претседателот на урбаната заедница, кој и ги води седниците на Советот.

Заради подобра координација на активностите на урбаните заедници, на иницијатива на претседателите на урбаните заедници е формирано Координативно тело на урбаните заедници во кое партиципираат сите урбани заедници претставувани од нивните претседатели. Со Координативното тело на урбаните заедници раководи претседателство во состав Мирчевски Дамјан- претседател на Координативното тело на урбаните заедници, Марковски Благоја, Игор Лешко, Драган Атанасовски и Стојан Донев - членови на претседателството на Координативното тело на урбаните заедници на општина Центар.

Повеќе информации Урбана заедница, Адреса на седиште ...
Урбана заедница Адреса на седиште Телефон Претседател
Невена Георгиева - Дуња ул. „Васил Ѓоргов“ бр. 2 071/ 248-956 Сашо Димитровски
Боро Петрушевски - Папучар ул. „Ѓорги Скрижевски“ бр. 20 070/ 242-320 Благоја Марковски
Кочо Рацин ул. „Бигла“ бр. 2 075/ 603-053, 31-76-249 Неда Ивановска
Мито Хаџивасилев - Јасмин ул. „50 Дивизија“ 075/ 590-985 Васе Трајковски
Дане Крапчев ул. „Алберт Ајнштајн“ 071/ 525-626, 32-30-202 Игор Лешко
Наум Наумовски - Борче ул. „Орце Николов“ бр. 79 070/624-959, Даниел Темелковски
Раде Јовчевски - Корчагин ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“ бр. 43 075/ 852-884, 31-34-878 Драган Атанасовски
Миле Арсовски ул. „Васил Стефановски“ бр. 15 075/ 451-229, 32-98-569 Дамјан Мирчевски
Мирче Ацев ул. „Орце Николов“ бр. 29 070/525-096 Бошко Лозанче
Роберт Гајдик ул. „Кочо Рацин“ бб 075/ 608-501 Зоран Велевски
Васил Антевски - Дрен ул. „Коста Шахов“ бр. 20  ? Игор Стојановски
Мирче Мацан ул. „Пролет“ бр. 39 077 / 713-355 Влатко Галабов
Славе Георгиевски - Шнајдерот ул. „Мирче Ацев “ бб. ? Ристо Белов
Благоја Деспотовски - Шовељ ул. „Ѓуро Стругар “ бр. 15-а ? ?
Јане Сандански ул. „Битпазарска “ бр. 125 071/ 839-233, 31-24-221 Стојан Донев
Боте Ботевски Градски трговски центар 070/ 273-960, 31-62-855 Пане Глигоров
Крњево  ? 071/ 238-637 Влатко Митковски
Затвори

Вработени

Во 2017 година, општината имала вкупно 792 вработени, од кои 98 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[5]

Проект „Безбедност за сите“

Thumb
Камен мост

Урбаните заедници на општина Центар, организирани преку Координативното тело на урбаните заедници, отпочна со реализација на проектот „Безбедност за сите“, проект за зголемување на безбедноста на граѓаните преку интензивирање на соработката со полицијата. Проектот е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Р Македонија и претставува пилот проект од ваков карактер во Р Македонија и во земјите од соседството. Носител на проектот е Координативното тело на урбаните заедници, а соработници претставници од МВР - ПС Центар, Општина Центар, невладини организации и агенциите за обезбедување.

Културни и природни знаменитости

Thumb
Натписна плоча на општината поставена на градба.

На подрачјето на општината се наоѓаат многу културно-историски споменици и знаменитости по кои е препознатливо Скопје и Македонија. На подрачјето на општината се наоѓаат познатите Камен мост и скопското Кале (кои се застапени на грбот на градот Скопје). Исто така во Дебар Маало е остатокот од влезниот дел на првата македонска гимназија по Втората светска војна, потоа се наоѓаат црквите Свети Димитрија и соборниот храм Свети Климент Охридски (за жал со новата територијална поделба на Општина Чаир и беше придодадена една од најстарите и најбогатите македонски цркви „Свети Спас“ во која се наоѓа гробот на македонскиот херој и великан Гоце Делчев и извонреден резбан иконостас со непроценлива вредност).

Збратимени општини

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.