Оксиморон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оксиморон (буквално значење - остроумна глупост) е стилска фигура којашто се создава со спојување на два противречни поими. Тоа е облик на едночлена антитеза внатре во реченицата. Пример: светол мрак, врело студенило, скромен раскош, мудра будала и слично. Оксиморон, кој на прв поглед делува глупаво и лудо - предизвикува внимание кај читателите и овозможува да се изразат специфични вредности. Изразува подлабоки согледувања на поимите од спротивставени агли. На тој начин се постигнува баланс на противречностите, со нивно спојување, а со тој контраст се добива колоритност на мислата.
Кратки факти Фигури, Фигури на значењето (тропи) ...
Фигури | |
---|---|
Фигури на значењето (тропи) | |
| |
Фигури на формата | |
| |
Затвори