From Wikipedia, the free encyclopedia
Норботен (шведски: Norrbotten = „Северна Ботнија“) — покраина (landskap) во најсеверниот дел на Шведска. Се граничи со Вестерботен на југ, Лапонија на запад и Финска на исток.
Традиционалните покраини во Шведска немаат административна и политичка улога, туку претставуваат само културно-историски целини. Меѓутоа во овој случај округот е постар од покраината. Со создавањето на Големото Кнежевство Финска како дел од Русија, се јавило потреба од формирање на нов округ. Така, во 1810 е создаден округот Норботен, сочинет од северните делови на Лапонија и Вестерботен. Со текот на времето северен Вестерботен прераснал во посебна покраина.
Во средниот век Норботен се сметал за „ничија земја“ поради големите пространства и слабата населеност (релативно мал број на Лапонци, Квени и племенски народи сродни на Финците). Шведските кралеви правеле напори да ја колонизираат и христијанизираат областа, но ова потрајало доста долго време. Дури и денес локалните малцинства ја имаат задржано својата култура и обичаи.
Историски, под „северна Шведска“ се подразбирале покраините Вестерботен и Лапонија.
Грбот ги симболизира четирите големи реки во Норботен што се Одлеваат во Ботнискиот Залив: Турне, Каликс, Луле и Пите.
Летата се необично топли за една ваква северна област, дотолку што во покраината е забележана највисоката температура во целиот Норланд (+37 °C).
Норботен има 192.542 жители[1] кои живеат на површина од 26.671 км2, што значи густината изнесува 7,2 жители на [[км2]].
Покраината има над 8.000 археолошки наоѓалишта. Се говорат повеќе јазици: шведски, мејанкиели, фински и лапонски. Некои говорници на мејанкиели постепено почнале да сметаат дека припаѓаат на народот Квени, кои се доселиле во подрачјето многу порано од шведските доселеници.
Црковното село Гамелстад близу Лулео е прогласено за светско наследство на УНЕСКО.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.