From Wikipedia, the free encyclopedia
Никола Карабатиќ (хрватски: Nikola Karabatić; 11 април 1984, Ниш, СФРЈ) — француски ракометар од српско и хрватско потекло кој игра за Париз Сен-Жермен и за француската репрезентација. Карабатиќ е висок 196 см, а тежок 102 кг. Тој бил избран за светски ракометар во 2007, 2014 и 2016 година[1]. Со вкупно 60 финалиња на Европските првенства, тој е и рекордер. Како репрезентативец, ги држел сите три важни светски ракометни титули во исто време двапати во својата кариера. Карабатиќ е еден од најдобрите играчи во ракометната историја и важи за најкомплетен играч во овој спорт[2][3][4][5].
Карабатиќ во 2015 година | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
11 април 1984 Ниш, СР Србија, СФРЈ | ||
Националност | Французин | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | м | 1,96||
Позиција | Среден бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | Париз Сен-Жермен | ||
Број | 44 | ||
Сениорски клубови | |||
2000–2005 2005–2009 2009–2013 2013 2013–2015 2015– |
Монпење Кил Монпелје Pays d'Aix Барселона Париз Сен-Жермен | ||
Репрезентација | |||
2002– | Франција | 289 (1149) | |
Освоени медали
|
Карабатиќ е роден на 11 април 1984 година, во Ниш, денешна Србија. Тој има српско и хрватско потекло, зашто мајка му Радмила е србинка, а татко му Бранко (роден во Врсина[6][7][8][9] кај Трогир[10]) е хрват. Татко му бил познат југословенски ракометен голман, кој бранел за репрезентацијата на Југославија и за нишкиот клуб "Железничар" и во Ниш ја запознал својата идна сопруга, која тогаш студирала медицина. Кога Никола имал 3,5 години, неговиот татко добил договор како професионален ракометар во Франција. Веќе како 17-годишен Карабатиќ настапувал за РК Монпелје во првата француска лига и една година подоцна за француската репрезентација[11]. Со Монпелје, тој ја освои Лигата на шампионите во 2003 година и француското првенство четири пати во низа од 2002 до 2005 година.
Во 2005 година Карабатиќ се преселил во ТХВ Кил, каде се етаблирал како еден од најважните играчи во текот на својата прва сезона, поради што навивачите го избрале за играч на екипата во сезоната 2005/06. Тој ја добил наградата спортист на годината на Кил во 2006 година[12]. Во своите четири години во Кил, Карабатиќ на четири пати бил германски шампион а во 2007 година со Кил ја освоил тројната круна (Лига на шампиони, германско првенство и Германски куп). Во 2007 и 2008 година Карабатиќ бил избран за ракометар на годината во Германија.
Карабатиќ го напуштил Кил на крајот на сезоната 2008/09. Заедно со неговиот колега Вид Кавтичник, тој се вратил во неговиот стар клуб Монпелје за трансферна сума од 1,5 милиони евра[13]. Со Монпелје, тој го освоил француското првенство уште трипати (2010 до 2012 година) пред да се префрли на Пејс де Екс во февруари 2013 година, како дел од аферата за обложување[14]. Во летото 2013 година, Карабатиќ се преселил во Шпанија во ФК Барселона. Таму го освоил првенството во Шпанија и Купот на Шпанија во првата година. Во сезоната 2014/15, Карабатиќ ги одбранил сите национални титули со Барселона и исто така ја освоил Лигата на шампионите. Карабатиќ станал петтиот играч кој победил на ова натпреварување со три различни клуба. Потоа се приклучил на францускиот клуб РК Париз Сен-Жермен.
Карабатиќ го одиграл својот прв меѓународен натпревар за Франција на 2 ноември 2002 година на Светскиот куп против Русија. Со репрезентацијата, тој го освоил Европското првенство 2006 година во Швајцарија[15] и завршил на четвртото место на Светското првенство во 2007 година во Германија. На Светското првенство во 2007 година, тој бил избран во тимот на Олстарт. На Европското првенство во Норвешка во 2008 година ја добил наградата најкорисен играч, а Франција завршила на третото место, освојувајќи бронзен медал. На Олимписките игри во 2008 година го освоил златниот медал. Една година подоцна, со Франција станал светски шампион на Светското првенство во Хрватска. На почетокот на 2010 година тој повторно станал европски шампион во Австрија и бил избран за најдобар среден бек на Ол-стар тимот. Француската селекција за првпат во историјата истовремено ги имала последователно освоено европските првенства од 2010 и 2012 година, светските првенства и олимписките првенства. На Светското првенство во 2011 година ја одбранил титулата со францускиот тим, а во изборот на познатиот француски весник "Екипа", бил избран за најдобар спортист на Франција за 2011 година.[16][17] Во летото 2012 година, тој повторно го освоил златниот медал на Олимписките игри во Лондон и бил реизбран во „Ол-стар тимот“. Во 2014 година тој станал европски шампион и највреден играч на турнирот кој се одржал во Данска. Во 2015 година Никола Карабатиќ станал светски шампион по третпат во Катар. На Олимписките игри во 2016 година во Рио де Жанеиро, тој го освоил сребрениот медал и бил реизбран во „Ол-стар тимот“[18]. Во 2017 година станал светски шампион во Франција по четврти пат и бил прогласен за највреден играч на турнирот по четврти пат. На следните два турнира, Европското првенство 2018 година во Хрватска и Светското првенство 2019 година во Данска и Германија, тој го освоил бронзениот медал со француската селекција. Карабатиќ има добиено девет златни медали, еден сребрен медал и пет бронзени медали со Франција на големите ракометни натпреварувања.
Карабатиќ бил осомничен местење натпревари, за кој се вели дека се случило во играта помеѓу неговиот клуб Монпелје и Цесон-Рен во мај 2012 година. Покрај Карабатиќ, кој бил повреден и неговиот брат Лука[19][20], за другите играчи се вели дека намерно придонеле во поразот, со цел да им овозможат на роднините да освојат големи облози до 250.000 евра[21]. Засегнатите спортисти се соочиле со три до пет години затвор за спортска корупција и измама и парични казни од 75.000 евра. По полициското сослушување во почетокот на октомври 2012 година, самиот Карабатиќ признал преку својот адвокат дека бил вклучен во обложувалниците, но не и во самата манипулација во играта[22]. Против него била покрената кривична постапка на 2 октомври. Карабатиќ подоцна бил ослободен со кауција. Бидејќи на Карабатиќ не му било дозволено да се сретне со инволвираните лица или вработени во неговиот клуб, тој веќе не бил во тимот на Монпелје од 3 октомври 2012 година[23]. На 31 октомври, Карабатиќ се вратил во составот. На 31 јануари 2013 година Карабатиќ го раскинал договорот со Монпелје[24]. Забраната од шест натпревари наметната на Никола Карабатиќ од страна на ЛНХ лигата во февруари била укината на 29 март 2013 година од страна на апелациониот суд[25]. Во јули 2015 година, тој бил казнет со парична казна од 10.000 евра од судот во Монпелје[26]. Два месечна условна казна биле додадени на жалбената расправа на 1 февруари 2017 година[27].
Карабатиќ е во врска со Жералдин Пије. Неговиот помлад брат, Лука[7], исто така е ракометар и член на француската репрезентација. Во 2010 година, Карабатиќ започнал дизајнерска кариера, создавајќи ја долната облека "Суперстоун".[15]
Покрај францускиот јазик, тој зборува англиски, германски, шпански и српско-хрватски јазик[28].
Сезона | Екипа | Лига | Натпревари | Tore | 7 метри | Голови |
---|---|---|---|---|---|---|
2001/02 | РК Монпелје | Француска лига | 14 | 22 | - | 22 |
2002/03 | РК Монпелје | Француска лига | 22 | 57 | - | 57 |
2003/04 | РК Монпелје | Француска лига | 23 | 69 | - | 69 |
2004/05 | РК Монпелје | Француска лига | 24 | 88 | - | 88 |
2005/06 | ТХВ Кил | Германска лига | 34 | 226 | 70 | 156 |
2006/07 | ТХВ Кил | Германска лига | 32 | 205 | 23 | 182 |
2007/08 | ТХВ Кил | Германска лига | 30 | 216 | 29 | 187 |
2008/09 | ТХВ Кил | Германска лига | 26 | 110 | 15 | 95 |
2009/10 | РК Монпелје | Француска лига | 19 | 83 | - | 83 |
2010/11 | РК Монпелје | Француска лига | 22 | 112 | 6 | 106 |
2011/12 | РК Монпелје | Француска лига | 26 | 76 | - | 76 |
2012/13 | РК Монпелје | Француска лига | 9 | 54 | - | 54 |
РК Монпелје | Француска лига | 13 | 80 | - | 80 | |
2013/14 | РК Барселона | Шпанска лига | 28 | 123 | 13 | 110 |
2014/15 | РК Барселона | Шпанска лига | 24 | 99 | 3 | 96 |
2015/16 | РК Париз | Француска лига | 18 | 77 | - | 77 |
2016/17 | РК Париз | Француска лига | 25 | 98 | - | 98 |
2017/18 | РК Париз | Француска лига | 22 | 80 | - | 80 |
Вкупно | 411 | 1875 | 159 | 1716 | ||
Просечно по сезона | 24,18 | 110,29 | 9,35 | 100,94 |
Клуб | Сезона | Лига | Натпревари | Голови |
---|---|---|---|---|
РК Монпелје Франција |
2000-2001 | Лига на шампиони | / | / |
2001-2002 | ЕХФ Куп | / | / | |
Шампионски трофеј 2002-2003 | Шампионски трофеј | / | 5 | |
2002-2003 | Лига на шампиони | / | 43 | |
2003-2004 | Лига на шампиони | / | 31 | |
2004-2005 | Лига на шампиони | / | 56 | |
ТХВ Кил Германија |
2005-2006 | Лига на шампиони | / | 51 |
Шампионски трофеј 2006-2007 | Шампионски трофеј | / | / | |
2006-2007 | Лига на шампиони | / | 89 | |
Шампионски трофеј 2007-2008 | Шампионски трофеј | / | / | |
2007-2008 | Лига на шампиони | / | 87 | |
2008-2009 | Лига на шампиони | / | 87 | |
РК Монпелје Франција |
2009-2010 | Лига на шампиони | / | 63 |
2010-2011 | Лига на шампиони | / | 62 | |
2011-2012 | Лига на шампиони | / | 56 | |
2012-2013 | Лига на шампиони | / | 16 | |
РК Барселона Шпанија |
2013-2014 | Лига на шампиони | / | 72 |
2014-2015 | Лига на шампиони | / | 75 | |
РК Париз Сен-Жермен Франција |
2015-2016 | Лига на шампиони | / | 90 |
2016-2017 | Лига на шампиони | / | 79 | |
2017-2018 | Лига на шампиони | / | 72 | |
2018-2019 | Лига на шампиони | / | 29 | |
2019-2020 | Лига на шампиони | / | 37 | |
ЛОИ | Фаза | Дата | Натпревар | Постигнати голови |
---|---|---|---|---|
Летни олимписки игри 2004 - Атина Грција |
Група Б | 16 август 2004 | Франција - Грција 29:25 | 6 |
Група Б | 18 август 2004 | Франција - Унгарија 26:23 | 2 | |
Група Б | 20 август 2004 | Франција - Египет 22:21 | 2 | |
Група Б | 22 август 2004 | Франција - Германија 27:22 | 5 | |
5-8 место | 24 август 2004 | Франција - Шпанија 29:27 | 2 | |
Четвртфинале | 26 август 2004 | Франција - Грција 33:27 | 2 | |
Полуфинале | 27 август 2004 | Франција - Русија 24:26 | 1 | |
5-6 место | 28 август 2004 | Франција - Грција 33:15 | 2 | |
Летни олимписки игри 2008 - Пекинг Кина |
Група А | 10 август 2008 | Франција - Бразил 34:26 | 5 |
Група А | 12 август 2008 | Франција - Кина 33:19 | 5 | |
Група А | 14 август 2008 | Франција - Хрватска 23:19 | 1 | |
Група А | 18 август 2008 | Франција - Полска 30:30 | 8 | |
Четвртфинале | 20 август 2008 | Франција - Русија 27:24 | 2 | |
Полуфинале | 22 август 2008 | Франција - Хрватска 25:23 | 3 | |
Финале | 24 август 2004 | Франција - Исланд 28:23 | 8 | |
Летни олимписки игри 2012 - Лондон Обединето Кралство |
Група А | 29 јули 2012 | Франција - Обединето Кралство 44:15 | / |
Група А | 31 јули 2012 | Франција - Аргентина 32:20 | / | |
Група А | 2 август 2012 | Франција - Тунис 25:19 | / | |
Група А | 4 август 2012 | Франција - Предлошка:Country data ICL 29:30 | / | |
Група А | 6 август 2012 | Франција - Шведска 29:26 | / | |
Четвртфинале | 8 август 2012 | Франција - Шпанија 23:22 | / | |
Полуфинале | 10 август 2008 | Франција - Хрватска 25:22 | / | |
Финале | 12 август 2004 | Франција - Шведска 22:21 | / | |
Летни олимписки игри 2012 - Рио Бразил |
Група А | 7 август 2016 | Франција - Тунис 25:23 | / |
Група А | 9 август 2016 | Франција - Катар 35:20 | / | |
Група А | 11 август 2016 | Франција - Аргентина 31:24 | / | |
Група А | 13 август 2016 | Франција - Хрватска 28:29 | / | |
Група А | 15 август 2016 | Франција - Данска 33:30 | / | |
Четвртфинале | 17 август 2016 | Франција - Бразил 34:27 | / | |
Полуфинале | 19 август 2016 | Франција - Германија 29:28 | / | |
Финале | 21 август 2016 | Франција - Данска 26:28 | / |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.