From Wikipedia, the free encyclopedia
Никлас Филкруг (роден на 9 февруари 1993 година, во Хановер) — германски фудбалер, напаѓач на Борусија Дортмунд и на германската репрезентација.
Никлас Филкруг | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 9 февруари 1993 | ||
Роден во | Хановер, Германија | ||
Држава | Германија | ||
Висина | м | 1,91||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Борусија Дортмунд | ||
Број | 14 | ||
Младинска кариера | |||
2006–2012 | Вердер Бремен | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2011-2014 | Вердер Бремен II | 26 | (10) |
2012-2014 | Вердер Бремен | 23 | (2) |
2013-2014 | → Гројтер Фирт | 21 | (6) |
2014-2016 | Нирнберг | 54 | (17) |
2016-2019 | Хановер 96 | 75 | (21) |
2019-2023 | Вердер Бремен | 90 | (45) |
2023- | Борусија Дортмунд | 28 | (11) |
Репрезентација ‡ | |||
2010 | Германија 18 | 1 | (0) |
2011-2012 | Германија 19 | 7 | (5) |
2012-2014 | Германија 20 | 9 | (3) |
2022- | Германија | 15 | (11) |
* Ажурирано на: 20 јуни 2014 ** Ажурирано на: 1 септември 2014 |
Филкруг е многу разновиден напаѓач: иако неговата природна улога е прв напаѓач, тој во кариерата играл и како десно и како лево крило. Опремен е со моќна фигура и вешт во играта во воздухот, а знае како да биде опасен во противничкиот шеснаесеттник, бидејќи многу вешто знае да ги користи нафрлувањата од соиграчите.[1]
Роден во Хановер, Филкруг ја започнал својата фудбалска кариера во екипата на ТУС Риклинген во областа Риклинген,[2] каде што поминал осум години и бил трениран од неговиот татко.[3] Како суперталентирано момче за време на неговиот престој таму тој постигнувал во просек по 160 гола по сезона.[3]
Во летото 2006 година, на 14-годишна возраст, Филкруг се приклучил на Вердер Бремен, притоа одбивајќи понуди од пет други клубови од Бундеслигата како и од Хановер 96.[3] Откако напредувал низ младинскиот систем на Вердер Бремен, Филкруг ја започнал својата сениорска кариера со вториот тим на Вердер. Дебитирал за Вердер Бремен II на почетокот на сезоната 2011-2012, во поразот со 2-1 од Веен Висбаден во третата лига. На 15 октомври 2011 година, во победата со 3-2 на гостувањето кај Бабелсберг, Филкруг постигнал два гола за својата екипа помагајќи им на резервите на Вердер да дојдат до победата после два гола негатива. Сезоната 2011-2012 ја завршил со 22 настапи и 5 гола за вториот тим на Вердер во третата лига. Иако во првиот дел од сезоната играл редовно, во вториот дел неговите настапи се намалиле затоа што тој многу често бил повикуван во првиот тим на зелените.
Своето деби за првиот тим на Вердер го направил на 28 јануари 2012 во ремито 1-1 на домашен терен против Бајер Леверкузен, влегувајќи од клупата за резерви во средината на второто полувреме на местото на Мехмет Екиџи. Својот прв гол во дресот на Вердер го постигнал на 24 март 2012, против Аугсбург на Везер во натпревар што завршил 1-1. Воедно тоа бил и неговиот прв старт во почетната постава за Вердер, и останал единствен до крајот на сезоната бидејќи сите останати 10 настапи му биле влегувајќи од клупата за резерви. Во следната сезона 2012-2013, Филкруг одиграл 12 натпревари за Вердер во Првата Бундеслига и постигнал еден гол во победата со 4-0 против Борусија Менхенгладбах. Исто така, тој погодил и во натпреварот од првата рунда на Купот на Германија, во кој Вердер изненадувачки бил елиминиран од нисколигашот Минстер со 4-2.
На 24 август 2013 година, тој се приклучил на Гројтер Фирт на едногодишен договор за заем.[4][5] На 2 ноември 2013 година, тој постигнал четири гола, вклучувајќи и 12-минутен хет-трик за неговиот нов клуб за време на спектакуларната победа од 6–2 на гости кај Ерзгебирге Ауе.[6] Постигнувајќи шест гола во 18 настапи, тој ги скинал лигаментите на десниот зглоб во победата со 2-0 против Бохум што ги проретчило неговите настапи до крајот на сезоната.[7]
Во 2014 година, Филкруг му се приклучил на Нирнберг на „долгорочен“ договор,[8] во траење од три години.[9] Вердер Бремен обезбедил опција во меѓувреме да го врати Филкруг за договорена сума.[9]
Своето деби за Нирнберг го направил на 3 август 2014, во победата на домашен терен со 1-0 над Ерзгебирге Ауе во Втората Бундеслига. Играјќи во нешто поразлична улога од неговата примарна, најчесто како лево крило, на првиот гол во дресот на новиот клуб Филкруг чекал речиси до средината на сезоната кога ја затресол мрежата на Зандхаусен. На 14 декември 2014, тој постигнал два гола во гостинската победа со 2-1 над Аален. На почетокот на март 2015, поради тешката повреда во вид на оштетување на 'рскавицата на коленото, тој го пропуштил остатокот од сезоната.
По не толку добрата прва сезона со Нирнберг, во следната Филкруг постигнал 14 голови во 30 настапи во Втората Буднеслига, завршувајќи ја сезоната како најдобар стрелец на својот тим и четврти најдобар во првенството. На 23 април 2016, тој постигнал хет-трик во победата на домашен терен со 6-2 над Унион Берлин.[10] Головите на Филкруг му помагаат на Нирнберг да заврши високо на табелата на третото место, но откако директната промоција била испуштена за само два бода, тие морале да се соочат со 16-то пласираниот тим од Првата Бундеслига, Ајнтрахт Франкфурт. Ајнтрахт го добил тој двомеч со 2-1 и останал во Првата Бундеслига, а Нирнберг не успеал да избори промоција.
Во јули 2016 година, Филкруг се вратил во својот роден град потпишувајќи четиригодишен договор со Хановер 96. Сумата на трансферот изнесувала 2 милиони евра плус 1 милион можни бонуси.[11][12]
Во првата сезона во клубот тој придонел за промоцијата на клубот во Првата Бундеслига, постигнувајќи 5 гола во 27 настапи. Следната сезона, тој не успеал да постигне гол во неговите први осум натпревари во Бундеслигата за Хановер 96, но постигнал хет-трик против Мајнц 05 на 13 јануари 2018 година[13][14] по што следела серија на голови што довела до тоа неговото име да се шпекулира во врска со повик во германската репрезентација.[15] Својата втора сезона ја завршил со 14 гола во 34 настапи во првенството, а исто така имал и два гола во исто толку настапи во Купот на Германија.[16]
На 31 август 2018 година, било објавено дека Фулкруг се согласил на продолжување на договорот со клубот до 2022 година.[16] На 30 септември 2018 година, во натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт, тој бил заменет поради повреда на зглобот,[17][18] но за среќа повредата не била сериозна и тој можел да игра на следниот натпревар, победата со 3–1 против Штутгарт со што Хановер се "тргнал" од последното место на првенствената табела.[19][20] Тој, исто така, настапил во ремито 2–2 на гости против Бајер Леверкузен[21] и во поразот со 1-2 на домашен терен од Аугсбург[22] и покрај тоа што страдал од болки во коленото. Тој не играл во поразот на Хановер во второто коло на Купот на Германија на 30 октомври поради проблеми со коленото поврзани со повредата здобиена во 2013 година. Тренерот Андре Брајтенрајтер изјавил дека овој проблем го мачел Филкруг со години и дека болката била толку силна пред куп натпреварот што Филкруг не се чувствувал „безбеден“.[23] По консултација со специјалист[24] Филкруг се вратил на тренинзите на 20 ноември[25] и започнал во четири последователни натпревари.[26][27][28][29]
Откако ги прпопуштил последните два натпревари за календарската 2018 година,[30] било најавено дека повредата на Филкруг е тешка и тој најверојатно ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната.[31] Повредата го принудила да оди на операција и било откриено дека се работи за оштетување на 'рскавицата на десното колено, трета повреда од ваков вид во неговата кариера. Тој претходно претрпел оштетување на 'рскавицата во Вердер Бремен (јануари 2013 година, десно колено) и Нирнберг (март 2015 година, лево колено).[32]
Во април 2019 година, додека тој се уште се опоравувал од повредата било објавено дека Филкруг ќе се врати во својот поранешен клуб Вердер Бремен за сезоната 2019-2020.[33] На 10 август 2019, Филкруг го одиграл својот прв натпревар за Вердер по повеќе од шест години во победата со 6-1 на гостувањето кај нисколигашот Атлас Делменхорст во првото коло на Купот на Германија; тој се појавил во игра од клупата на местото на Џош Сарџент во 61-вата минута и забележал асистенција за голот на ветеранот Клаудио Писаро само седум минути по влегувањето во игра. Во својот втор настап за Бременските музиканти во Бундеслигата, Филкруг го постигнал својот прв гол по враќањето во клубот во поразот со 3-2 на гостувањето кај Хофенхајм. Во следните два натпревари во лигата кои завршиле со победи на Вердер од 3-2 над Аугсбург и 2-1 над Унион Берлин, Филкруг забележал асистенција и гол и се чинело дека повредата веќе е минато и тој се наоѓа во одлична форма на почетокот на сезоната. Сепак, само неколку дена подоцна напаѓачот го снашла нова несреќа, откако ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото за време на тренинг.[34] Повредата го оддалечила од терените за долго време и првите прогнози биле дека ќе го пропушти остатокот од сезоната после само пет одиграни натпревари за Вердер. Сепак, поради пандемијата на КОВИД-19 сезоната се одолжила и завршила дури на крајот на јуни 2020, па во меѓувреме Филкруг се вратил во акција и постигнал два гола во последните четири натпревари во првенството помагајќи му на својот клуб да го сочува прволигашкиот статус.
На почетокот на сезоната 2020-2021, Филкруг постигнал хет-трик во победата со 3-1 на гостувањето кај Шалке 04.[35] Во уште една сезона во која имал многу проблеми со повреди, тој постигнал 6 гола во 19 настапи и не успеал да му помогне на својот клуб да го избегне испаѓањето од Првата Бундеслига, негово второ откако претходно испаднал и со Хановер во сезоната 2018-2019.
И покрај испаѓањето на Вердер, Филкруг останал во клубот и за сезоната 2021-2022 во Втората Бундеслига, првата сезона на Бременскиот клуб надвор од елитната дивизија после 40 години. Оваа сезона за него била исклучително важна, првенствено затоа што успеал да ги залечи повредите и постепено да влезе во добра форма. После бавниот почеток, во кој не успеал да се запише во листата на стрелците ниту еднаш во првите 10 натпревари, првиот гол го пронашол на 24 октомври 2021, во ремито 2-2 против Зандхаусен. Последователно, формирајќи одлично партнерство во нападот со Марвин Дукш, двајцата - кои самите себеси си го дале прекарот „Грдите птици“[36] - биле главното оружје на Вердер во Втората Бундеслига постигнувајќи заедно вкупно 40 гола (19 Филкруг и 21 Дукш), со кој му помогнале на клубот да го освои второто место и да се врати во Првата Бундеслига после само една сезона отсуство.
Одличната форма од претходната сезона ја пренел и во Бундеслигата, постигнувајќи по гол во првите два натпревари на Вердер за сезоната 2022-2023, против Волфсбург и Штутгарт кои завршиле нерешено со идентичен резултат 2-2. На 3 септември 2022, тој ги постигнал двата гола за својот тим во победата со 2-0 над Бохум. На 1 октомври, тој додал уште два гола во победата со 5-1 на домашен терен над Борусија Менхенгладбах. На 5 ноември, три кола пред паузата во првенството поради Светското првенство 2022, Филкруг го постигнал својот десетти погодок за сезоната во Бундеслигата во победата со 2-1 над Шалке 04. Импресивната форма го препорачала во репрезентацијата на Германија, па така тој се нашол меѓу 26-те играчи кој отпатувале за Катар.[37] Сезоната ја завршил како најдобар стрелец во Прва Бундеслига 2022-2023 со 16 постигнати гола, исто колку што имал и Кристофер Нкунку од РБ Лајпциг.[38]
На 31 август 2023, Борусија Дортмунд го купила Филкруг за €13 милиони + €2 милиони бонуси,[39] потпишувајќи три годишен договор со напаѓачот.[40]
Помеѓу 2010 и 2014 година, Филкруг ја претставувал Германија на различни младински нивоа, играјќи за германските репрезентации под 18, под 19 и под 20 години.
Во ноември 2022 година, изненадувачки Филкруг бил повикан во сениорската репрезентација на Германија од селекторот Ханси Флик за Светското првенство 2022 во Катар.[41] Своето деби за репрезентацијата го направил на 16 ноември во пријателски натпревар против Оман, влегувајќи како замена на полувремето и постигнувајќи го подоцна единствениот гол во натпреварот.[42] На тој начин, тој станал и најстариот играч во поле кој дебитирал за Германија во последните 20 години, на возраст од 29 години и 280 дена по Мартин Макс кој имал 33 години и 253 дена кога дебитирал за Германија во 2002 година.[43]
Своето деби на Мундијалот во Катар го направил на 23 ноември, влегувајќи од клупата за резерви во последните 10-тина минути од поразот со 1-2 од Јапонија. Четири дена подоцна, повторно појавувајќи се во игра од клупата за резерви, Филкруг го постигнал израмнувачкиот гол во ремито 1-1 против Шпанија. Во последното коло од групната фаза, тој го постигнал вториот свој гол на Мундијалот во победата со 4-2 над Костарика, но германците не успеале да се пласираат понатаму и биле елиминирани уште по групната фаза на второ Светско првенство по ред.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Германија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
16-11-2022 | Мускат | Оман | 0 – 1 | Германија | Пријателска | 1 | 46' | |
23-11-2022 | Ал Рајан | Германија | 1 – 2 | Јапонија | СП 2022 - Прва фаза | - | 79' | |
27-11-2022 | Ал Хор | Шпанија | 1 – 1 | Германија | СП 2022 - Прва фаза | 1 | 70' | |
1-12-2022 | Ал Хор | Костарика | 2 – 4 | Германија | СП 2022 - Прва фаза | 1 | 55' | |
25-3-2023 | Мајнц | Германија | 2 – 0 | Перу | Пријателска | 2 | 75' | |
29-3-2023 | Келн | Германија | 2 – 3 | Белгија | Пријателска | 1 | 80' | |
12-6-2023 | Бремен | Германија | 3 – 3 | Украина | Пријателска | 1 | 46' | |
16-6-2023 | Варшава | Полска | 1 – 0 | Германија | Пријателска | - | 68' | |
20-6-2023 | Гелзенкирхен | Германија | 0 – 2 | Колумбија | Пријателска | - | 66' | |
14-10-2023 | Ист Хартфорд | САД | 1 – 3 | Германија | Пријателска | 1 | 80' | |
18-10-2023 | Филаделфија | Мексико | 2 – 2 | Германија | Пријателска | 1 | 46' | |
18-11-2023 | Берлин | Германија | 2 – 3 | Турција | Пријателска | 1 | ||
21-11-2023 | Виена | Австрија | 2 – 0 | Германија | Пријателска | - | 46' | |
23-3-2024 | Десен Шарпје | Франција | 0 – 2 | Германија | Пријателска | - | 80' | |
26-3-2024 | Франкфурт на Мајна | Германија | 2 – 1 | Холандија | Пријателска | 1 | 73' | |
Вкупно | Настапи | 15 | Голови | 11 |
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2011-2012 | Вердер Бремен II | 3Л | 22 | 5 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 22 | 5 |
2012-2013 | РЛС | 4 | 5 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 4 | 0 | |
Вкупно Вердер Бремен II | 26 | 10 | - | - | - | - | - | - | 26 | 10 | |||||
2011-2012 | Вердер Бремен | 1Б | 11 | 1 | КГ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 11 | 1 |
2012-2013 | 1Б | 12 | 1 | КГ | 1 | 1 | - | - | - | - | - | - | 13 | 2 | |
авг. 2013 | 1Б | 0 | 0 | КГ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 1 | |
авг. 2013-2014 | Гројтер Фирт | 2Б | 21+2[44] | 6 | КГ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 24 | 6 |
2014-2015 | Нирнберг | 2Б | 24 | 3 | КГ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 25 | 3 |
2015-2016 | 2Б | 30+2[45] | 14 | КГ | 2 | 1 | - | - | - | - | - | - | 34 | 15 | |
Вкупно Нирнберг | 54+2 | 17 | 3 | 1 | - | - | - | - | 59 | 18 | |||||
2016-2017 | Хановер 96 | 2Б | 27 | 5 | КГ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 29 | 5 |
2017-2018 | 1Б | 34 | 14 | КГ | 2 | 2 | - | - | - | - | - | - | 36 | 16 | |
2018-2019 | 1Б | 14 | 2 | КГ | 1 | 1 | - | - | - | - | - | - | 15 | 3 | |
Вкупно Хановер 96 | 75 | 21 | 5 | 3 | - | - | - | - | 80 | 24 | |||||
2019-2020 | Вердер Бремен | 1Б | 8+2[44] | 4 | КГ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 11 | 4 |
2020-2021 | 1Б | 19 | 6 | КГ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 21 | 6 | |
2021-2022 | 2Б | 33 | 19 | КГ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 34 | 19 | |
2022-2023 | 1Б | 28 | 16 | КГ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 16 | |
авг. 2023 | 1Б | 2 | 0 | КГ | 1 | 1 | - | - | - | - | - | - | 3 | 1 | |
Вкупно Вердер Бремен | 113+2 | 47 | 9 | 2 | - | - | - | - | 124 | 49 | |||||
авг. 2023-2024 | Борусија Дортмунд | 1Б | 28 | 12 | КГ | 1 | 0 | ЛШ | 12 | 3 | - | - | - | 41 | 15 |
Вкупно во кариерата | 323 | 113 | 19 | 6 | 12 | 3 | - | - | 354 | 122 |
Репрезентација | Година | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Германија | 2022 | 4 | 3 |
2023 | 9 | 7 | |
2024 | 2 | 1 | |
Вкупно | 15 | 11 |
Хет-трикови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.