From Wikipedia, the free encyclopedia
Никифор Григора (околу 1295 во Хераклеја Понтика — околу 1360 во Константинопол, Византија) ― византиски историчар, дипломат и научник.[1]
Никифор Григора | ||
Роден | 1295 година Хераклеја Понтиска | |
---|---|---|
Починал | 1360 година Константинопол, Византија |
Образованието го започнал во родната Хераклеја на Понт, а го завршил во Константинопол. Со своите реторички настапи и познавања од областа на астрономијата, ги придобил симпатиите на императорот Андроник II Палеолог. Се знаимавал со образовна, научна и дипломатска дејност. Имал широки познавања од сите тогаш познати науки. Неговиот богат научен опус опфаѓа дела од повеќе области: филозофија, астрономија, теологија, математика, музика и историја.[1]
Посебно значење има неговото капитално историографско дело Римска историја во 37 книги, во која е опфатен периодот од 1204 до 1359 година. Трудот претставува драгоцен извор за македонската историја во 13 век и во првата половина на 14 век. Во него се презентирани податоци за борбите водени помеѓу Епир и Никеја, помеѓу Византија, Србија и Бугарија за превласт во Македонија и за хегемонија на Балканот, како и податоци за почетоците на турското присуство на Балканот и во Македонија.[1]
Македонија и Македонците се споменати во повеќе наврати во делото на Никифор Григора.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.