Непер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Непер (симб. Нп, Np) е логаритамска единица за соодносот помеѓу две величини, особено за акустични и електрични вибрации[1] (на пр. засилување и слабеење на сигнал). Единицата го добила името на шкотскиот математичар Џон Непер (1550-1617), изумител на логаритмите. Како и децибелот и белот, неперот (со мали букви) не се единици од Меѓународниот систем на мерни единици (SI), но е прифатен за употреба заедно со нив[2]