From Wikipedia, the free encyclopedia
Мраморниот регион (турски: Marmara Bölgesi) е еден од седумте пописни региони (bölge) во Турција. Со површина од 67.000 км2, ова е најмалиот регион во земјата, но едновремено е најгусто населениот. Опфаќа околу 8,6% од површината на државата, а во него живее 30% од населението.
Регионот е основан на Географскиот конгрес во Анкара во 1941. Географски се дели на четири дела. Наречен е по Мраморното Море (Мармара), кое пак го носи името на островот Мармара.
Во регионот се протегаат Јилдиските Планини и планината Улудаг (Мал Олимп). Во Егејот се наоѓаат островите Ѓокчеада и Бозкада, а во Мраморното Море се островите Мармара, Авша, Пашалиман, Имрал и Принцевските Острови (во состав на Инстанбул).
Регионот има мешана средоземно-влажна суптропска клима на егејското крајбрежје и југот на мраморното крајбрежје, океанска клима на црноморското крајбрежје и умереноконтинентална клима во внатрешноста. Летата се топли до врели, влажни до умерено суви, а зимите се студени и влажни, понекогаш со врнежи од снег.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.