Монархија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Монархија (од старогрч. μονος, „еден“ и αρχειν, „владеење“) — државно уредување во кое монарх, обично едно лице, е шеф на државата.
Кај највеќето монархии, монархот има власт доживотно. Моментално постои 31 монархија во 45 земји на светот; разликата во броевите се должи на фактот што шеснаесет држави од Комонвелтот (голема државна заедница) имаат еден суверен, а пак Андора, има два странски монарха (шпански и француски).
Терминот монархија се однесува и на луѓето (особено династијата, наречена и кралско семејство) и институциите кои го сочинуваат кралскиот или царски апарат, или пак на царството со кое владее монархот. Монарсите служат како симболи на континуитет и државност. Денес, фактичката моќ на монархот се разликува од држава во држава. Кај уставните монархии, каде суверенитетот формално е во круната, но политички со 'народот' (обично изборното тело, претставувано во парламентот), монархот обично служи воглавно церемонијални функции, освен во кризни времиња. Многу монархии се вопоставени по традиција или кодифициран закон, па така монархот има мала политичка моќ; во други монархот има некаква моќ, но остварувањето на истата е ограничено од одлуката на народот или првенството; во трети пак, монархот има значајна моќ и може да ја применува без ограничувања.
Монархијата е еден од најстарите облици на управување, и води потекло од раководството на родовските поглавари. Некогаш монарсите сметале дека имаат Божје право на власт, или барем со Божја благонаклоност, владеејќи или по волја на бог(овите) или пак по тврдењето дека самите се отелотворени богови - теократија. Монарсите некаде се одредуваат и со избори (или од големо народно собрание, како германските родовски држави; или пак од мал орган, како кај Светото Римско Царство; или со династиско наследување; или со освојување како во Малезија и ОАЕ; или пак комбинација од начини).
Од 1800 наваму, најголемиот дел на монархии во светот се укинати или припоени, или пак претворени во републики; најголемиот дел од моменталните монархии се уставни. Меѓу малкуте каде владее апсолутна монархија се Бутан, Брунеи, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Есватини и Ватикан (папски град-држава, изборна теократија). Во Јордан и Мароко, монархот исто така има значителна моќ. Скорешните настани (2003) во Лихтенштајн се исклучок, каде на кнезот му била дадена уставна моќ да ја разреши владата.
Најстарата монархија на светот е јапонската монархија.