Модулација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Модулацијата — процес во кој информацискиот сигнал менува друг сигнал со повисока честота, таканаречен носител, за да се овозможи пренос на информацијата.
Носителот или носечката честота обично е синусоиден бран генериран во осцилатор. И носителот и информацискиот сигнал се воведуваат во модулаторот, и тука информацискиот сигнал на некој начин го менува носителот. Модулираниот носител тогаш е засилен и испратен во систем за пренос (антена или кабел).
Во приемникот се прима модулираниот сигнал кој потоа е засилен и обработен. Се праќа во демодулаторот на чиј излез се добива оригиналниот информациски сигнал.