Михаил Чигорин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Михаил Иванович Чигорин (роден на 12 ноември 1850 во Гачина (според некои во Санкт Петербург), Руска Империја - починал на 25 јануари 1908 во Лублин, Полска) бил познат руски шахист и најдобриот руски шахист на преминот од 19. во XX век. Тој се смета за основополжник на „руската шаховска школа“, којашто сè уште доминира во светот на шахот.
Кратки факти Михаил Чигорин, Целосно име ...
Михаил Чигорин | |
---|---|
Целосно име | Михаил Иванович Чигорин |
Земја | Руска Империја |
Роден | 12 ноември 1850 Гачина, Руска Империја |
Починал | 25 јануари 1908 Лублин, Полска |
Затвори
Чигорин учествувал на многу силни турнири, на кои остварил забележителни резултати. Во 1889 и 1892 година, на двапати го предизвикал светскиот првак Вилхелм Штајниц, но и во двата меча загубил.
Тој бил активен и како шаховски теоретичар, за што сведочат и неколку варијанти во отворањата кои се именувани по него, меѓу кои најпозната е Чигориновата одбрана во Дамин гамбит.