![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d7/Chessboard480.svg/langmk-640px-Chessboard480.svg.png&w=640&q=50)
Дамски гамбит
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дамски гамбит — шаховско отворање што настанува со потезите: (1) d4 d5 и (2) c4.
Дамски гамбит | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Потези | 1.d4 d5 2.c4 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ЕШО | D06-D69 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Потекло | пред 1497 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
На Chess Games |
Ова е едно од најстарите познати отворања. Како што има запишано Луис Рамирес Луцена за него во 1497, тоа се јаввува и порано, во Гетингенските ракописи. За време на раниот период на модерниот шах, отворањата со дамскиот пешак не биле во мода, и Дамскиот гаммбит не станал вообичаен сѐ до еден турнир од 1873, одигран во Виена. Како што Штајниц и Тараш ја развивале шаховската теорија и унапредувајќи ја проценката за положбена игра, Дамскиот гамбит станал многу популарен. Својата најголема популарност ја има достигнато во дваесеттите и триесеттите години на 20. век и на светското првенство во 1934 ова отворање е играно во 32 од 34 партии. Откако црниот сѐ повеќе се пренасочувал од играњето на симетруични отворања, отворањето Индиска одбрана станало популарно и влегло во конкуренција со Дамскиот гамбит. Дамскиот гамбит и денес е често игран и е значаен дел од репоертоарите на отворање на многу велемајстори.
Со 2.c4, белиот се заканува да го замени крилниот с-пешак за централен пешак и да доминира во центарот по e2-e4. Ова не е вистински гамбит, бидејќи доколку црниот ја прими жртвата во вид на пешак не може да очекува да ја задржи. Стапица во отворањето по црниот може да настане по 1.d4 d5 2.c4 dxc4 3.e3 b5? (црниот се обидува да го заштити својот пешак, но избегнува да продолжи со некој развоен потег, на пр. 3...е5!) 4.a4 c6? 5.axb5 cxb5?? 6.Df3! со освојување на фигура на ослабеното дамско крило на црниот.
Дамскииот гамбит е поделен во две големи групи, зависно од потегот на црниот: Примен дамски гамбит и Одбиен дамски гамбит. Во Примениот дамски гамбит, црниот игра 2...dxc4, привремено отстапувајќи го центарот за да добие послободен развој. Во Одбиениот дамски гамбит, цврниот го задржува централниот пешак на d5. Често црниот е стеснет, но тој се стреми кон размена на фигурите и искористување на полињата c5 и e5 за своите пешаци за да ја ослободи.