Мирово
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мирово (грчки: Ελληνικό, Елинико, до 1927 Μύροβον, Мировон)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Мирово Άγιος Αντώνιος | |
---|---|
Координати: 41°0′N 23°6′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | м | 743
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 166 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 743 метри.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Мирово имало 60 жители Македонци и 290 Турци[3][4].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По 1919 година, голем дел од унијатското население заминале во Бугарија, каде го основале селото Ново Делчево[5].
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Елинико.[6].
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 124 жители бегалци.[7].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.