Мириц
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мириц (германски: Müritz, од словенското morcze што означува „мало море“) — езеро во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, северна Германија. Неговата површина е 117 км2, што го прави второ најголемо езеро во Германија (зад Боденското Езеро) и најголемо езеро кое целосно лежи во Германија.
Мириц | |
---|---|
Пристаништето во Варен во текот на Регатата Мириц | |
Подрачје | Мекленбуршка Езерска Област, Мекленбург-Западна Померанија |
Координати | 53°25′N 12°41′E |
Вид | мезотрофно |
Главни приливи | Елде |
Главни истеци | Елде |
Слив | км2 | 663 км2
Сливни земји | Германија |
Најг. должина | 17,8 км км |
Најг. ширина | 9,9 км км |
Површина | км2 | 117 км2
Прос. длабочина | 6 м м |
Најг. длабочина | 31 м м |
Проточност | 15 години (?) |
Надм. височина | 62 м м |
Населени места | Варен, Ребел |
Неговата максимална длабочина е 31 метар. Во него се влева и од него истекува реката Елде. Дел од Мириц и блиските шуми и мочуришта влегуваат во рамки на Националниот парк Мириц. Поранешниот истоимен округ бил именуван по езерото. Најголеми градови кои се наоѓаат околу езерото се Варен и Ребел, обата големи туристички одморалишта во Мекленбуршката Езерска Област.
Езерото Мириц е дел од каналот Мириц-Елде.[1] Управувано е од водостопанското и бродското претпријатие Лауенбург (Wasser- und Schifffahrtsamt Lauenburg).
Сливот на Мириц е поделен на неколку големи заливи. За разлика од плиткиот источен дел на езерото, западната страна е поделена на неколку каналски протоци, како што е Ребелскиот и Зитовскиот Залив (Röbeler Bucht и Sietower Bucht). Кај градот Варен на северниот брег на езерото е Биненмириц (Binnenmüritz), кое ја содржи најдлабоката точка на езерото (31 метар), кое е поврзано со главниот дел од Езерото Мириц преку тесен премин. На јужниот брег е Малиот Мириц (Kleine Müritz) од кој се одвојуваат Мирицарм и Мирицзе понатаму на југ. Езерото Мириц зазема околу 29 километри од север на југ и околу 13 километри од исток на запад и има сливно подрачје од околу 663 км2. Низ Мириц поминува реката Елде од југ на север и има врска до Келпинското Езеро на запад од Биненмириц преку каналот Рек, кој е долг околу два километри. Поради тоа што е поврзано со реката Хафел на исток преку каналот Миров, кој е дел од каналот Мириц-Хафел и каналот Болтер, како и преку низата други езера, вештачки бил претворен во бифуркациона водена површина.
Езерото Мириц било создадено во текот на последното ледено доба помеѓу Померанија и Франкфурт. Првично целата Мекленбуршка Езерска Област било огромно езеро, кое подоцна се поделило на неколку помали езера, поврзани едно со друго, како последица на падот на морското ниво.
Нивото на вода на Езерото Мириц се менувале неколкупати во последните векови, првично како последица на човечките влијанија. Во 12 век, површината на езерото била сè уште 60,5 метри над морето. Од 1737 површината на езерото пораснала на 64,35 метри поради зголемените потреби за вода долж реката Елде. Но, до 1739 било намалено за 1,51 метар. При додавањето на Елде и понатамошните промени со водениците, езерото го достигнало денешното ниво од 62 метри во 1836.[2]
Најголем град на Езерото Мириц е Варен. Други населби се (надесно) Рехлин, Приборн, Фиперов, Лудорф, Ребел, Готун, Зитов и Клинк.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.