Милош Обилиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Милош Обилиќ (според некои извори познат и како Милош Кобилиќ) бил српски средновековен витез, кој често се споменува во српските епски народни песни како голем јунак и убиец на отоманскиот султан Мурат I во тек на Косовската битка (1389 година). Иако историските извори од времето непосредно по битката на Косово не го наведуваат идентитетот на убиецот на султанот Мурат I,[1][2][3] подоцнежните српски, грчки и фирентински историски извори од 15 век, убиството на султанот го припишуваат на српски благородник и витез, по име Милош Обилиќ, кој бил во служба на кнезот Лазар.[4][5][6][7]
Кратки факти Милош ОбилиќMiloš Obilić, Роден(а) ...
Милош Обилиќ Miloš Obilić | |
---|---|
Милош Обилиќ, дело на Александар Добрич, 1861 г. | |
Роден(а) | Непознат |
Починал(а) | 28 јуни 1389 Косово Поле |
Други имиња | Милош Кобилац, Милош Кобиловиќ, Милош Кобилиќ |
Познат(а) по | Убиство на отоманскиот султан Мурат I |
Звање | Витез |
Затвори