From Wikipedia, the free encyclopedia
Универзитетот во Милано — јавен истражувачки универзитет во Милано, Италија, со околу 60.000 студенти,[1] и постојан наставен и истражувачки кадар од околу 2.000 лица.[2]
Универзитетот во Милано има десет училишта и нуди 140 програми за додипломски и постдипломски студии, 32 докторски училишта и 65+ училишта за специјализација. Истражувачките и наставните активности на Универзитетот се зголемиле со текот на годините и добиле важни меѓународни признанија.
Универзитетот е италијански член на Лигата на европските истражувачки универзитети (ЛЕРУ), група од дваесет и еден европски универзитет со интензивно истражување. Постојано се рангирал како прв универзитет во Италија (Академско рангирање на универзитетите во светот) кој го делел местото со Универзитетот во Пиза и Универзитетот Сапиенца во Рим, а исто така бил прогласен за еден од најдобрите универзитети во Италија.
Универзитетот го посетувале многу значајни личности, вклучително и еден добитник на Нобеловата награда за физика, Рикардо Џакони,[3] еден Филдсов медалист, Енрико Бомбиери,[4] како и поранешните премиери Силвио Берлускони и Бетино Кракси.[5]
Универзитетот во Милано бил јавен наставен и истражувачки универзитет, вториот по големина универзитет во Италија, кој со девет училишта и наставен кадар од околу 2.200 - опфаќал широк спектар на дисциплински области.
На Универзитетот се изучуваат повеќе дисциплини, меѓу кои: право, медицина, ветерина, земјоделски и прехранбени науки, фармација, спорт, политика, економија, лингвистика и друго.
За запишување на Универзитетот во Милано, била потребна проценка на англиски јазик, што можела да се докажела со меѓународен сертификат за јазик (CEFR) или преку универзитетскиот јазичен центар (SLAM). Потребното ниво за дипломи обично било Б2 (средно), додека за магистерски било Ц1. Оние кои немало да го постигнат јазичното ниво што го барала нивната диплома преку тест за пласман или сертификација, морале да посетуваат курс по англиски јазик.
Од редовните студенти се очекува да заработат 60 кредити (CFU) во една академска година. Доделените кредити можеле да се признаат за продолжување на студиите, и на италијанските универзитети и во странство. За да му се додели диплома, студентот мора да заработи најмалку 180 CFU, додека за да добие магистерско звање потребни се 120 CFU. Исто така, за да се добие највисоко ниво на универзитетско образование, доктор на науки (д-р), потребни се најмалку уште други 3 до 4 години на студии.[6]
Универзитетот во Милано обезбедува неколку видови финансиска поддршка за студентите:[7]
Универзитетот, исто така, обезбедува сместување, трпезарија и надоместоци за оброци за голем број студенти.
Постојат 53 истражувачки центри, а истражувањето е организирано во 33 различни оддели.
Универзитетот во Милано се смета за водечки италијански универзитет за инвестиции во истражувачка инфраструктура и човечки капитал: два суштински елементи за справување со сложените предизвици на знаењето во брзо менување на социјалниот и индустрискиот контекст.
Како јавна институција која се занимавала со развојот и напредокот на знаењето, Универзитетот отсекогаш бил посветен на истражувачки проекти кои влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните. Истражувањата најчесто се спроведуваат во одделенијата.
Научната активност ја вклучува целата академска заедница од професори, истражувачи, докторанти, стипендисти и студенти.
Структурата на управување на Универзитетот во Милано била составена од 17 комисии, на чело со ректорот. Бордот на директори има функција на дефинирање и управување со стратегија, одобрување на годишните и тригодишните финансиски и кадровски плански документи и надзор на економската и финансиската одржливост. Академскиот сенат има функција да предлага, да врши надзор и верификација во областа на наставата, истражувањето и студентските услуги. Комитет за патенти има законски должности да ги разгледува барањата за патенти, а исто така да изразува мислење за клаузули за индустриска сопственост во нарачаните истражувања и договорите за подобрување на патентите, како и во договорите за истражување со други институции.
Универзитетот во Милано поседува важно уметничко и културно наследство кое вклучува важни историски градби, наследени и стекнати колекции, архиви, ботанички градини и старата астрономска опсерваторија Брера нарачана од Марија Терезија. Одделите на Универзитетот биле сместени во важни историски згради во центарот на Милано и во модерни згради.
Вкупната површина на универзитетот е околу 500.000 m2, што опфаќа 356 училници со приближно 27.382 седишта, 203 наставни и компјутерски лаборатории со приближно 1.831 седишта и 171 библиотека и простории за учење со приближно 4.417 седишта.
Факултетот за ветеринарна медицина и Центарот за клиничка ветеринарна медицина и експериментална зоотехника на Универзитетот во Милано се наоѓаат надвор од градската област, во Лоди.
Универзитетот во Милано е италијански член на Лигата на европските истражувачки универзитети (ЛЕРУ), група од дваесет и еден европски универзитет со интензивно истражување.[8][9]
Универзитетот постојано се рангира како најдобар универзитет во Италија во голем број области. Во најновото рангирање на италијанските универзитети објавено во февруари 2022 година, Универзитетот се рангирал на прво место меѓу италијанските универзитети во областите на политички науки, социологија, право и филозофија.[10] Исто така, се рангирал меѓу првите три во економија и статистика, наука за земјата, историја и антиквитети.[11]
Универзитетот бил рангиран на третото место во Италија според Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR)[12] и на четвртото место во рангирањето на светските универзитети Вебометрикс.[13] Рангирањето на светските универзитети на Тајмс за високо образование[14] го рангирал на шестото до деветтото место (поврзано со четири други универзитети).
Универзитетот во Милано бил основан во 1924 година од спојување на две институции кои се пофалиле со голема традиција на медицински, научни и хуманистички студии. До 1928 година, Универзитетот веќе го имал четвртиот најголем број на запишани студенти во Италија, по Универзитетот во Неапол, Универзитетот Сапиенца во Рим и Падовски универзитет.
Во времето на неговото основање постоеле четири „традиционални“ училишта – Правни, Хуманитарни, Медицински и Математички, Физички и Природни науки; потоа, во 1930-тите, биле воведени училиштата за ветеринарна медицина и земјоделство, по агрегирањето на старите училишта за ветеринарна медицина (1792) и земјоделство (1871).
Во 1960-тите, поради продолжувањето на задолжителното посетување на училиште и последователната либерализација на пристапот до високото образование, бројот на луѓе кои влегувале во италијанските универзитети прогресивно се зголемувал и на Универзитетот во Милано се запишале повеќе од 60.000 студенти.
Со оглед на ова зголемување, Универзитетот започнал процес на рационализирање и делокализирање на своите капацитети: од 1986 година наваму, нови центри почнале да се појавувале во други области на Милано, особено во областа Бикока, како и во други делови од регионот: Комо, Варезе, Крема и Лоди. Во 1998 година, Универзитетот се поделил на два дела и била основана втората јавна институција во градот: Универзитетот Милано-Бикока.
Законот од 2001 година кој го трансформирал образовниот систем отворил нова фаза на промени. Универзитетот го ажурирал својот опсег на курсеви, обидувајќи се да ги приспособи за подобро да одговараат на еволуцијата на општествената побарувачка за образование и иновациите на производниот систем: така, бројот на курсеви за дипломи се искачил на 74 и имал ново зголемување на уписите. Исто така, имало зголемување на посветеноста на Универзитетот за обезбедување на студентски услуги (ориентација, практиканти и обука, онлајн образование) и во инвестиции за нови образовни и истражувачки капацитети, покривајќи приближно 80.000 m2.
Најновата фаза на проширување се однесувала на областите на комуникациските науки, интеркултурната медијација и уметноста, но исто така имало и тековни проекти кои се однесувале на секторите на информатичката технологија, ветеринарната медицина и биомедицината. Понатаму, имало и зајакнување на посветеноста на трансферот на технологија и практичната примена на резултатите од научното истражување во економско-производниот контекст.
Во моментов, Универзитетот се состои од 9 училишта, 134 студиски курсеви (и додипломски и постдипломски), 19 докторски училишта и 92 училишта за специјализација. На Универзитетот има запишани околу 65.000 студенти. Наставниот кадар е составен од 2.500 постојани професори и истражувачи и приближно 500 дополнителни професори. Повеќе од 2.300 луѓе работат во техничкиот и административниот сектор.
Во 2010 година, приходите – без посебни сметководствени и клириншки записи – изнесувале 562 милиони евра.[15]
Универзитетски спортски центар, била аматерска спортска асоцијација која во последните 60 години ја промовирала практиката на физичко образование и спорт од страна на студенти и универзитетски соработници. Секоја година, центарот организирал широк спектар на спортски курсеви, кои опфаќале сè, од традиционални дисциплини, како што биле пливање и атлетика, до помодерни активности, како што биле хидро-велосипедизам, јога и капуера.
Студентите од Универзитетот во Милано може да учествуваат во музички и театарски иницијативи организирани од резидентни културни институции на Универзитетот. Оркестарот на Универзитетот во Милано им нудел на студентите можност за аудиција за ансамбл за класична музика во соработка со Конзерваториумот „Џузепе Верди“ од Милано и под раководство на маестро Алесандро Крудел. Универзитетскиот хор е составен од универзитетски кадар, студенти, професори и ентузијасти надвор од универзитетот. Универзитетскиот театарски центар активно соработува со групи студенти на универзитетот.
Значајни алумни во науката на Универзитетот во Милано ги вклучуваат и Џовани Бигнами, астрофизичар (награда Бруно Роси 1993); Патриција Каравео, астрофизичар (награда Бруно Роси 2007, 2011 и 2012 година); Елена Катанео, биолог (златен медал од претседателот на Републиката, доживотен сенатор); Алберто Мантовани, имунолог.
Значајни алумни во политиката и владата на Универзитетот во Милано ги вклучуваат и Летиција Морати (министер за образование и истражување); Елена Бонети (министер за семејство и еднакви можности); Масимо Гараваља (министер за туризам); Роберто Марони (министер за внатрешни работи; труд, вицепремиер); Марија Кристина Меса (министер за универзитет и истражување, ректор на Универзитетот во Милано-бикока); Матео Салвини (вицепремиер, министер за внатрешни работи).
Значајни алумни во управувањето со крајното претприемништво на Универзитетот во Милано ги вклучуваат и Бернардо Капроти (основач и извршен директор на Еселунга); Масимо Антонио Дорис (извршен директор на Банката Медиоланум); Карло Понти (продуцент); Федел Конфалониери (извршен директор на Медиасет).
Други значајни алумни на Универзитетот во Милано ги вклучуваат и Енрико Ментана (италијански новинар, телевизиски презентер и издавач); Нино Рота (композитор); Клаудио Бизио (актер, водител); Елизабета Каналис (модел); Антонела Клеричи (презентер, водител-ТВ); Серџо Романо (писател, новинар и историчар); Дарио Едоардо Вигано (писател, свештеник).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.