Мејнски Залив
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мејнскиот Залив (француски: Golfe du Maine) е голем залив во Атлантскиот Океан на источниот брег на Северна Америка. Ограничен е со Кејп Код на источниот крај од Масачусетс на југозапад и со островот Кејп Сејбл на јужниот крај од Нова Шкотска на североисток. Заливот го опфаќа целото крајбрежје од државите на САД, Њу Хемпшир и Мејн, како и Масачусетс северно од Кејп Код и јужните и западните крајбрежја на канадските провинции Њу Бранзвик и Нова Шкотска, соодветно.
Мејнски Залив | |
---|---|
француски: Golfe du Maine | |
Голем дел од Мејнскиот Залив | |
Подрачје | Североисточен брег на САД и југоисточен брег на Канада |
Координати | 43°N 68°W |
Дел од | Северно Атлантски Океан |
Речни извори | Сен Џон, Пенобскот |
Сливни земји | САД, Канада |
Острови | Маунт Дезерт, Лисичји Остров, Ајл О, Гран Манан |
Населени места | Бостон, Портсмут, Портланд, Сент Џон |
Заливот бил именуван за соседната англиска колонијална провинција Мејн, која, за возврат, најверојатно била именувана од раните истражувачи, по провинцијата Мејн во Франција. Заливот Масачусетс, заливот Пенобскот, заливот Пасамакводи и заливот Фанди се вклучени во системот на Заливот на Мејн; и како таков, Заливот на Мејн, е место со највисоките плиматски варијации на планетава (види заливот Фанди за понатамошни информации).