Меѓумозок
From Wikipedia, the free encyclopedia
Меѓумозок (diencephalon) — дел од предниот мозок (prosencephalon), кој се наоѓа помеѓу големиот мозок (telencephalon) и средниот мозок (mesencephalon). Се состои од структури кои се на двете страни од третата мозочна комора: таламусот, хипоталамусот, епиталамусот и субталамусот.[1][2]
Кратки факти Меѓумозок, Податоци ...
Меѓумозок | |
---|---|
Податоци | |
Претходник | Преден мозок, изведен од нервна цевка |
Дел од | Човечки мозок |
Составници | Таламус, хипоталамус, епиталамус и субталамус |
Назнаки | |
Латински | diencephalon |
TA | A14.1.03.007 A14.1.08.001 |
TH | H3.11.03.5.00001 |
FMA | FMA:62001 |
Затвори
Меѓумозокот е еден од главните делови на мозокот кои се формираат за време на ембриогенезата. Во текот на третата недела од ембрионалниот развој, од ектодермот се формира нервна цевка, на која почнуваат да се диференцираат три главни дела: предниот мозок (prosencephalon), средниот мозок (mesencephalon) и ромбестиот мозок (rhombencephalon).[3][4] Предниот мозок потоа постепено се диференцира на голем мозок (telencephalon) и меѓумозок.