Метрополитен (музеј)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Музејот на уметноста „Метрополитен“ или само Мет (англ. Metropolitan Museum of Art) е музеј на уметностите кој се наоѓа на источниот крај на Централ Парк, по познатата Музејска Милја во градот Њујорк, САД. Овој музеј поседува постојана збирка која се состои од повеќе од два милиони уметнички дела, распоредени низ деветнаесет кураторски оддели.[3] Главната зграда, честопати нарекувана едноставно „Мет“ е една од најголемите уметнички галерии во светот, а втората значително помала локација се наоѓа во Горен Менхетн, во т.н. „Конаци“ (засводен/четириаголен ходник), каде што се изложуваат средновековни уметнички дела.
Основан | 1870[1][2] |
---|---|
Посетеност | 5,2 милиони[1] |
Директор | Томас П. Кембел |
Јавен превоз | 86th Street (линија IRT - Lexington Avenue) |
Мреж. место | Музеј „Метрополитен“ |
Во рамките на постојаната збирка се уметничките дела од класичната антика и древниот Египет, слики и скулптури од приближно сите европски мајстори и голема збирка од американската и современата уметност. Мет исто така поседува големи збирки дела од уметноста од Африка, Азија, Океанија, Византија и исламската уметност.[4] Тој исто така претставува ризница од енциклопедиски збирки музички инструменти, костими (носии) и додатоци и прастари оружја и оклопи од целиот свет.[5] Многубројни познати ентериери, кои датираат од римско време па сè до современите американски дизајнери, постојано се поставуваат во галериите на Мет.[6]
Метрополитен музејот на уметноста е основан во 1897 година од група Американци. Дел од основачите беа стопанственици и финансиери, како и водечки уметници и мислители од тој период кои имале желба да отворат музеј со цел да ја доближат уметноста до американскиот народ.[2] Музејот е отворен на 20 февруари 1872 година, а најпрво се наоѓаше на Петта авенија бр. 681.
Од 2007 година, Мет се протега на приближно една четвртина милја и зафаќа повеќе од два милиони квадратни стапки.[7]