Марди Фиш
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марди Симпсон Фиш (роден на 9 декември 1981 г.) е поранешен американски тенисер. Негово највисоко место на АТП листата било 7. место кое го достигнал во август 2011 година. Во двојки тој највиско се искачил на 14. место во јули 2009 година.
Име | Марди Симпсон Фиш |
---|---|
Земја | ![]() |
Место на живеење | Лос Анџелес, Калифорнија |
Роден на | 9 декември 1981(1981-12-09) (42 г.) |
Роден во | Идајна, Минесота |
Спорт | ![]() |
Висина | &100000000000001880000001,88 м |
Професионалец | 2000 |
Пензинониран(а) | 2015 |
Игра со | • десна рака • дворачен бекхенд |
Заработка | $7,460,641 |
Победи-порази | 302–219 (58%) |
Титули | 6 |
Највисок пласман | Бр. 7 (15 август 2011) |
Австралијан Опен | ЧФ (2007) |
Ролан Гарос | 3К (2011) |
Вимблдон | ЧФ (2011) |
УС Опен | ЧФ (2008) |
Други турнири | |
Мастерс куп | ГФ (2011) |
Олимписки игри | ![]() |
Победи-порази | 136–105 (56%) |
Титули | 8 |
Највисок пласман | Бр. 14 (6 јули 2009) |
Австралијан Опен | ЧФ (2005, 2009) |
Ролан Гарос | 2К (2002) |
Вимблдон | ПФ (2009) |
УС Опен | 3К (2001, 2010) |
Во својата кариера, Фиш освоил шест АТП титули, а исто така четири пати бил финалист на АТП Мастерс турнирите. На Гренд слем турнирите, Фиш стигнал до четвртфиналната фаза на Отвореното првенство на Австралија 2007, Отвореното првенство на САД 2008 и на Вимблдон 2011. На Летните олимписки игри 2004, тој го освоил сребрениот медал откако во финалето загубил од Николас Масу. Во двојки, Фиш освоил осум АТП титули, од кои една Мастерс титула на Мастерсот во Индијан Велс во 2009 година, заедно со Енди Родик.
Во 2011 година, Фиш го престигнал сонародникот Енди Родик и станал американски бр. 1 на АТП листата, достигнувајќи го 7. место.[1] На крајот на сезоната тој играл на завршниот Мастерс во годината.
Тој се повлекол од тенисот на 33-годишна возраст по Отвореното првенство на САД 2015.[2][3]