From Wikipedia, the free encyclopedia
Маргарет Минерлин Мичел (8 ноември 1900 — 16 август 1949 )[2] — писателка и новинар од САД која пишувала под псевдонимот Пеги Мичел. Додека живеела, објавен е единствено нејзиниот роман „Одвеано со виорот“. За овој роман Мичел добила Национална книжевна награда за најистакнат роман во 1936 година[3] и Пулицерова награда за книжевно дело во 1937 година. Неодамна, објавена е збирка на Мичел со записи од детството и роман кој го напишала кога била тинејџерка. Збирка на статии напишани од страна на Мичел за Атлантскиот весник (Atlanta Journal) била реиздадена како книга.
Маргарет Мичел | |
---|---|
Мичел во 1941 г. | |
Роден/а | Маргарет Манерлин Мичел 8 ноември 1900 Атланта, Џорџија, САД |
Починат/а | 16 август 1949 48) Атланта, Џорџија, САД | (возр.
Почивалиште | гробишта Оукленд во Атланта |
Псевдоним | Пеги Мичел |
Занимање | новинар, романописец |
Образование | Смит Колеџ[1] |
Жанр | љубовни романи, историска проза |
Значајни дела | Одвеано со виорот |
Значајни награди | Пулицерова награда за книжевно дело (1937) Национална книжевна награда (1936) |
Сопруг/а | Бериен Кинард Апшо (1922–1924; разведена) Џон Роберт Марш (1925–1949 вдовица) |
Потпис |
Маргарет Мичел била од југот на Америка и целиот живот го поминала во Атланта, Џорџија. Таа е родена во 1900 година во богато и политички истакнато семејство. Нејзиниот татко, Јуџин Мјуз Мичел, бил адвокат, а нејзината мајка, Мери Изабел „Меј Бел“ Стивенс, исто така адвокат, била борец за женски права. Маргарет Мичел имала двајца браќа, Расел Стивенс Мичел, кој починал уште како новороденче во 1894 година, и Александар Стивенс Мичел, роден во 1896 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.