Марат Сафин
руски тенисер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Марат Михајлович Сафин (татарски: Марат Мөбин улы Сафин; руски: Мара́т Миха́йлович (Муби́нович) Са́фин; роден на 27 јануари 1980 во Москва) — поранешен руски тенисер. Сафин, во својата кариер освои 15 АТП турнири и 2 Гренд Слем турнири, а исто така во еден момент беше и светски рекет број 1. Тој е постар брат на моментно вторпласираната тенисерка во светот Динара Сафина. Тие се досега единствените брат и сестра, кои успеале да го достигнат првото место на АТП, односно ВТА листата.[2][3]
Земја | Русија | |
Место на живеење | Монте Карло, Монако Москва, Русија | |
Дата на раѓање | 27 јануари 1980 | |
Место на раѓање | Москва, Русија | |
Висина | 1,93 m | |
Тежина | 88,6 кг[1] | |
Професионалец | 1997 | |
Игра со | • десна рака • дворачен бекхенд | |
Заработка | $ 14.350.709 | |
Синглови | ||
Резултат: | 422–267 | |
Титули во кариера: | 15 | |
Највисок дострел: | 1 (20 ноември 2000) | |
Резултати на Гренд Слемови | ||
Австралијан Опен | П (2005) | |
Ролан Гарос | ПФ (2002) | |
Вимблдон | ПФ (2008) | |
УС Опен | П (2000) | |
Двојки | ||
Резултат: | 96–120 | |
Титули во кариера: | 2 | |
Највисок дострел: | 71 (22 април 2002) | |
Инфокутијата е последен пат надоградена на: |
Сафин ја започна професионалната кариера во 1997. Во ноември 2000, тој го зазеде првото место на АТП ранг листата, на коешто се задржа 9 седмици. Првата Гренд Слем титула ја освои на отвореното првенство на САД во 2000 по победата над Пит Сампрас во финалето, а втората титула ја освои на отвореното првенство на Австралија, победувајќи го Лејтон Хјуит во финалето. Сафин, исто така има освоени и две титули како дел од репрезентацијата на Русија во Дејвис купот, прваат во 2002 и втората во 2006. И покрај неговата омраза кон тревнатите терени, во 2008, тој стана првиот руски тенисер кој успеал да се пласира во полуфиналето на Вимблдон. За време на учеството на последниот турнир во кариерата[4], на отвореното првенство на САД во 2009 Сафин беше 61. на официјалната АТП ранг листа.