Манастир (Житинени)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Манастир — археолошко наоѓалиште во дебарското село Житинени. Претставува средновековна населба, црква и некропола. Се наоѓа на околу 1 км западно од селото, во приватна нива на селанец од селото Мал Папрадник, која лежи на левиот брег на Житиненска Река, каде се гледаат остатоци од темели на еднокорабна црква и околу неа гробови градени од камени плочи - тип циста, поставени во правец исток-запад. Над наоѓалиштето конусно се издига височинка со доминантна положба, на која има многу кршен камен и друг градежен материјал, што упатува на можни траги од фортификација.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Манастир“ | |
Местоположба | 41°28′14″N 20°34′15″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Житинени |
Општина | Центар Жупа |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Затвори