Македонски месеци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонски месеци — поим за дванаесетте месеци во годината, кои денес во Македонија се прифатени и се нарекуваат со стандардните меѓународни именски форми кои водат потекло од латинските имиња на месеците, имаат свои македонски имиња кои во денешниот говор се архаизирани и најчесто се користат во официјалните работи и изданија (верски календари) на Македонската православна црква како и во некои рурални региони во Македонија. Потеклото на македонските имиња на месеците во основа е поврзано со природните циклуси или земјоделските работи кои се случуваат или вршат во периодот на соодветниот месец. За некои исти месеци се познати и повеќе различни имиња, употребувани во различни региони во Македонија. Денешните современи имиња на месеците најпрвин почнале да се употребуваат кон крајот на XIX век најчесто со завршеток на -ја како на пример јануарија, февруарија, септемврија, декемврија итн. Нивното наполно прифаќање и навлегување во секојдневниот говор настанало со процесот на масовно образување на населението во училиштата.