![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b8/Slognica_re%25C4%258Dovska%252C_%25C7%25B4or%25C7%25B5ija_Pulevski.jpg/640px-Slognica_re%25C4%258Dovska%252C_%25C7%25B4or%25C7%25B5ija_Pulevski.jpg&w=640&q=50)
Македонска книжевност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонската книжевна историја започнува со основањето на Охридската книжевна школа во Охрид во југозападна Македонија во 9 век со помош на св. Климент Охридски. Карактеристично за оваа книжевна школа е единството на јазични и правописни црти и продолжувањето на кирилометодиевската дејност и традиција. Со помош на Охридската книжевна школа народот го пронашол својот народен, јазичен и културен идентитет. Има повеќе писмени извори од овде како: Добромириевото евангелие, Македонското евангелие на поп Јован, Охридскиот апостол, Битолскиот триод и други.
![]()
|