Мадурски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мадурскиот (Basa Mathura) е матичен јазик на Мадурците, жителите на островот Мадура и источна Јава, Индонезија. Се говори и на помалите соседни острови Кангеан и Сапуди, како и во иселениците во други делови на Индонезија Пасуруан, Сурабаја и Маланг, па сè до Бањуванги и островската група Масалембу. Кангеанското наречје на јазикот може да се смета за посебен јазик. Мадурскиот порано се пишувал со јаванското писмо, но денес позастапена е латиницата. Бројот на говорници постојано се намалува. Во 1995 изнесувал 14 милиони, а денес се проценува дека јазикот го говорат 8-13 милиони луѓе.
Мадурски | |
---|---|
Basa Mathura | |
Застапен во | островите Мадура и Сапуди, северно крајбрежје ја источна Јава, Сингапур |
Народ | Мадурци |
Говорници | 14 милиони (1995) |
Јазично семејство | |
Дијалекти | кангеански
|
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | mad |
ISO 639-3 | mad |
Викимедииниот Инкубатор испробува Википедија на мадурски јазик |
Сродноста со балиско-сасачките јазици е позабележлива во народниот облик на јазикот. Извесни зборови мадурскиот ги дели со филипинските јазици и банџарскиот. Има неколку дијалекти.